Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до 14 часот треба да одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од предметот „Титаник 3“ на СЈО.



Претседателката на судскиот совет Марија Клетничка по барањето на адвокатот на одбраната Еленко Миланов информира дека снимката со барањето ќе биде доставена до надлежните согласно законот за изземање на обвинителите. Според појаснувањето на обвинителката Фетаи, за нив, надлежен за изземање е нивната шефица Јанева.

Адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски.

Тој побара и целосен прекин на постапката до изнесување на Судот по нивното барање.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Како да претвориш мачка во свиња?
- Земи ја за жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1887.- Во Витебск, во Русија, е роден Марк...
1893.- Во Загреб е роден Мирослав Крлежа,...
1921.- Во селото Брусник, битолско, е роден...
1937.- Јапонската армија го нападна кинескиот...