Фетаи: СЈО продолжува со застапување на предметите во судница

Обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи денеска изјави дека СЈО продолжува со застапување на предметите во судница без разлика што на нивната шефица Катица Јанева вчера и е одредена мерка притвор за случајот „Рекет“.



– Она што се случува може да биде само добар показател дека секој што се огрешил пред законот, мора да одговара, дека работите конечно се придвижуваат во позитивна насока во нашата држава и дека едноставно никој не е недопирлив. Меѓутоа од друга страна, индивидуалната кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор односно оправдување да се заборави целокупниот криминал што беше направен во нашата држава во последниот период и ние да ја запреме нашата борба. Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда и ние продолжуваме со она што е наша работа – застапување на предметите во судница, изјави Фетаи пред денешното ново рочиште за предметот „Монструм“.

Вчера по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција беше приведена и притворена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за злоупотребила службената положба и овластувањата со што се стекнала со лична користа.

По притворањето на Јанева во јавноста се отвори прашањето што ќе се случи со СЈО и кој ќе ја наследи на местото специјален јавен обвинител.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...