ЈО ги презема предметите од СЈО

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презема во надлежност и натамошно постапување предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.



Ваквиот став, како што информираат од Јавното обвинителство, е заснован на уставната положба на Јавното обвинителство како единствен државен орган надлежен за гонење на сторителите на кривичните дела и на други со закон утврдени казниви дела, начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично – правниот систем, почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото.

– Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на одржаниот Стручен колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 05.09.2019 година, го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се вели во соопштението од ЈО.

Постапките по конкретните предмети ќе продолжат во надлежните јавни обвинителства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...