Ден без автомобили во 13 градови за одбележување на Европската недела на мобилност

Со велосипедски дефилеа денеска во Скопје и во уште 12 градови ќе биде заокружена Европската недела на мобилност што се одбележува од 16 до 22 септември.

Велосипедското дефиле по повод одбележувањето на Денот без автомобили 2019 ќе стартува во 11:30 часот од паркот „Ибни Пајко“ зад Националната филхармонија. Велосипеди ќе возат скопскиот градоначалник Петре Шилегов, в.д. шефот на делегацијата на ЕУ Џулијан Васало, државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, повеќе амбасадори, претставници на ЕУ, пратеници во Собранието и ученици од скопските средни училишта.

Велосипедистите ќе се движат по улицата „Филип Втори Македонски“ и булеварите „Гоце Делчев, „ВМРО“, „Партизански одреди“, „Осми Септември“ и „Илинден“. Велосипедското дефиле, на кое можат да се приклучат и сите граѓани, ќе заврши кај Школката во Градски парк, каде во 12 часот ќе почне забавната програма. Повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди, кациги и други додатоци, како симбол на користење на алтернативни превозни средства.

Освен во Скопје, велосипедски дефелеа ќе има и во Велес, Гевгелија, Тетово, Битола, Штип, Неготино, Кочани, Струмица, Охрид, Прилеп, Крива Паланка, Лозово и во скопските општини Шуто Оризари и Карпош.

Европската недела на мобилност годинава се одбележува во 2.952 градови во 48 држави во Европа и низ целиот свет.

Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...