Џафери во посета на Казахстан

Скопје, 24 септември 2019 (МИА) – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска и утре учествува на Четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема: „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство“, во Нур-Султан, Република Казахстан.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, во состав на делегацијата е и пратеникот Енес Ибрахим.

На состанокот учествуваат парламентарни делегации од шеесетина земји и 39 претседатели на национални парламенти од Европа и Азија, како и 13 меѓународни парламентарни собранија. Се очекува на крајот од состанокот да биде усвоен Финален документ со препораки за поблиска соработка меѓу државите и унапредување на дијалогот, довербата и партнерството во регионот.

По завршувањето на овој мултилатерален форум, на 25 и 26 септември 2019 год, претседателот Џафери ќе оствари официјална посета на Република Казахстан, на покана од претседателот на Мажилисот на казахстанскиот Парламент Нурлан Нигматулин. ев/сст/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...