Заев: Нема приближување за Законот за ЈО, но уште не е доцна за договор до 15 октомври

Досега немам информација дека има приближување, се надевам дека ќе се направи чекор на приближување, за мене се до 15 октомври не е доцна. Никогаш не е доцна за било што, што е добро за државата да се договориме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали има некакво придвижување меѓу власта и опозицијата за Законот за ЈО.



Во однос на изнесениот став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е можен договор за Законот за ЈО до 15 октомври, Заев рече дека информацијата ја прочитал доцна синоќа, но дека засега нема ништо ново.

– Веројатно ќе ни соопштат дека има нешто. Покажавме голема флексибилност. Аванградност во делот на демократските исчекори како владејачка гарнитура направивме големи. Понудивме можност на предлог на опозицијата да дојде шеф на ново обвинителство за гонење на висока корупција. Ги дефиниравме начините како тоа да се избере, како да дојде опозицијата до реализација на својот предлог вклучувајќи ги сегашните уставно поставени параметри каде што на крајот Советот на обвинители го верификува изборот на самиот тој обвинител, изјави Заев.

Нагласи дека колку и да прифатат, сепак, не може да дозволат да се поминат црвените линии.

– Не смееме да дозволивме да се загрозат предметите и иднината на предметите, што исто така е многу важно или пак да донесеме законско решение кое ќе биде на штета на предметите кои веќе се обезбедени. Ако треба да донесеме закон, тоа треба уште повеќе да ја гарантира иднината на предметите, овие и на било кои други предмети во државата. Ако донесеме закон што ќе го уназади гарантирањето на иднината на предметите, тогаш навистина не ни треба, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања по завршување на прес-конференцијата за промоција на мерката за субвенции за инвертер клими за домаќинствата во Скопје, Тетово, Битола и Кичево.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Психијатар му вели на пациентот:
- Веќе сте целосно здрав. Можете слободно да си одите дома.
- Колку жално. Цела година бев Арнолд Шварценегер, а сега сум никој и ништо.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1422.- Умре францускиот крал Шарл ВИ, кој на...
1556.- Во Венеција умре Пиетро Аретино,...
1760.- Роден е јапонскиот сликар Кацушика...
1772.- Роден е англискиот писател и мислител...