Новите лица осомничени во „Рекет“ повикани во Кривичниот суд

Лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основен кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка.



– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно лице со предлог за определување мерка притвор. По ценење на фактите и доказите во предлогот, произнесување на странките како и ценење на личните и семејни услови на осомниченото лице, судија на претходна постапка донесе решение со кое на Ј.М. и определи мерка куќен притвор како и дополнителна превентивна мерка – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница , заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП, соопшти утрово Основниот кривичен суд Скопје.

Што се однесува до останатите лица опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост, согласно законските одредби, како што е наведено во соопштението од Судот, во текот на денов се повикани да се произнесат во однос на предлогот пред судија на претходна постапка.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера ја информираше јавноста дека истрагата за „Рекет“ е проширена, односно донесена е наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...