Добитник на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија

Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир.



Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји. Станува збор за судир во кој, поради спорната погранична територија, загинаа голем број лица во обете земји.

Еритреја беше дел од старата етиопска држава, а на почетокот на 60-те беше основано движење за независност на Еритреја, по што следеше тридецениска граѓанска војна.

Абиј Ахмед Али е награден за својата „одлучна и пресудна иницијатива за решавање на пограничниот судир со соседна Еритреја“, се наведува во образложението за наградата од норвешкиот Нобелов комитет за мир.

– Кога во април 2018 година Абиј Ахмед стана премиер, јасно кажа дека сака да ги продолжи мировните преговори со Еритреја. Во тесна соработка со претседателот на Еритреја, Ахмед брзо разработи принципи за мировен договор со кој би се ставил крај на долгорочниот застој меѓу двете земји.

Наградата, во вредност од околу 900.000 долари ќе му биде доделена во Осло на 10 декември.

Меѓу фаворитите за овогодинешната награда беше и најпознатата активистка на денешнината, 16-годишната Грета Тунберг од Шведска, која се залага за борба против климатските промени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...