Одбележан 11 Октомври – Дадената државност и слобода не е за поделби, должност е да преземеме одговорност за татковината

Голем број делегации предводени од Сојузот на борците, од Владата, Собранието, од кабинетот на претседателот, АРМ, МВР, дипломатскиот кор, општина Куманово и голем број граѓански здруженија, политички партии положија свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово во чест на 11, Октомври, Денот на Востанието.

Владината делегација ја предводеше премиерот, Зоран Заев кој се обрати на чествувањето на празникот. Навраќајќи се на историјата, премиерот истакна дека денес стоиме исправено и гордо за да го одбележиме државниот празник, денот на почетокот на востанието, на борбата против фашизмот.

-На 11 Октомври овде во Куманово и во Прилеп беше означен почетокот на завршните процеси за впишување на македонска држава на мапата на народите на светот. Тоа утро во Прилеп и Куманово пламна искрата на борбата, на отпорот, на стремежот, на нашата земја да биде дом на слободата, победник на окупацијата. На тој начин малата земја Македонија стана едно со светскиот победнички сојуз на државите што се кренаа против фашизмот, рече премиерот во обраќањето.

Осврнувајќи се на историјата, рече дека борците ги дале животите како подарок за идните генерации, со што оставиле завет идните генерации државноста и слободата да не смеат да ја изгубат.

Обраќајќи им се на присутните, Заев рече дека во виорот на Втората светска војна, во бурните времиња се родила македонската држава, истакнувајќи дека обврска е секогаш да им оддаваме должна почит на државотворците на денешната прогресивна Северна Македонија.

Историјата сведочи за херојските времиња, рече Заев, кои на светот му ја презентираа културата, историјата, мозаикот на испреплетени убавини на заедниците кои живеат овде. Државата рече беше создадена како дом на слободата, на можностите, на избор, на изразување на мисли, како едно општество за сите. Празниците се моменти кога треба да се постават прашањата, додаде премиерот, како да се зачува наследеното, како од Северна Македонија да се направи подобра држава, убаво место за живеење, чекор повеќе во освојување на слободата за граѓаните.

-Во потрагата по одговорите на овие прашања секоја генерација е должна да ги проширува видиците и да го дава својот придонес, секој граѓанин на државата. Тоа е најсвета должност и одговорност за политичките лидери, за народните избраници, рече Заев. Тој додаде дека на дадената државност и слободата не е дадена за поделби, и дека должност е да го видат сите своето место во државата, да се преземе одговорноста за татковината, нова ѕвезда во европското соѕвездие.

-Денеска можеме да кажеме дека сме повторно пред историска пресвртница. Нашата генерација е пред исчекорот за остварување на стратешката цел во оваа фаза од нашата историја, пристоен живот за секого со европски животен стандард и вредности, осигурани граници, безбедност, стабилност, признаен идентитет, сето ова преку членството во НАТО, а потоа и преку членството во ЕУ, рече Заев.

Тој додаде дека таков дом им должиме на децата и идните генерации, на чекор до почеток на преговорите за членство во ЕУ, време кога после сите премрежја искушенија да се направи од државата-дом за сите. Повика да се памети и доброто и злото, да се направи разлика помеѓу напредокот и застојот, со добри дела и акции во сите области во општеството. Мисијата денес, истакна е борба за економски развој, за секое ново работно место, европски можности во здравство, култура, социјална заштита, посигурна, безбедна иднина за младите, да се мотивираат младите тука да живеат и работат, бидејќи сега го имаме и демократскиот свет на наша страна, потенцираше премиерот. Приоритет денес, рече Заев се инвестиции во инфраструктура, изградба на железници, патишта, помош за земјоделците, борбата денес е со загадување, корупција, сиромаштија, а мисијата е исполнување на стратешки цели за реализација на приоритетите.

-Сите заедно успеваме на прагот сме пред официјално членство во НАТО. Седнуваме рамо до рамо со нашите сојузници, на прагот сме пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, тоа ќе значи ново, сосема ново поглавје во нашето посветено работење со кое ќе го подобруваме секој сегмент од животот на граѓаните, а за тоа сте потребни сите вие, сограѓани, современици на историските моменти за нашата земја и народ, рече Заев.

Пред 78 години борците од НОБ ја отпочна борбата за слобода и ја добија, рече премиерот, а сегашната генерација ја повтори борбата, додавајќи дека слободата треба да биде инспирација да си помагаме, да работиме на еднаквоста и солидарноста, да ја чуваме околината, да се градат системи кои опстојуваат, што е современ патриотизам и европска иднина која треба да стане наша сегашност.

Пред присутните се обрати и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој рече дека ова е голем ден за Куманово и за државата.

-Куманово заедно со Прилеп слави јубилеј во кој се врежаа нашите предци во делото и борбата во најтешките моменти, против фашизмот, а денес генерациите работат за просперитетна, перспективна Република Северна Македонија, рече Димитриевски.

Во НОБ од Куманово учествувале 800 борци, истакна градоначалникот, осврнувајќи се на историјата на предизвиците со кои се соочувал градот и државата.

-Стоиме тука исправено пред вас да кажеме дека преземеме обврска дека во име на нашите предци, а да ја исполниме желбата на младите да дадеме просперитет, да повикаме на обединување и да тргнеме во нови економски победи, рече градоначалникот.

Претседателот на главниот одбор на Сојузот на борците, Никола Стојановски, се обрати пред присутните истакнувајќи дека овој ден го означува патот кон победоносната борба, кон национална и социјална слобода. Во крвавата борба загинале над 24.000 жртви и голем број инвалиди. Осврнувајќи се на историјата на нападот во Прилеп, на дејствувањата на одредите, дивизиите, корпусите, на формирањето на формацијата, февруарскиот поход, пролетната офанзива, на АСНОМ, формирањето на тогашните власти, ослободувањето на градовите, истакнувајќи дека нашиот народ заедно со светските народи може да биде горд, бидејќи застанал на вистинската страна против фашизмот.

На свеченоста во Куманово настапија ученици од кумановската гимназија „Гоце Делчев“, а танцуваа деца од „Мак денс студио“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...