Фирмите на Боки 13 и блиски до него затаиле данок повеќе од 20 милиони денари

Повеќе од 20 милиони денари се индициите за затаен данок од фирмите поврзани со првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Управата за јавни приходи (УЈП) открила затајување данок во БМЈ груп, Меѓународен сојуз и Томато продукција, а контрола извршила и во 1ТВ.



Во Меѓународниот сојузи во кој претседател беше токму Боки 13, УЈП при контролата забележала дека не се приложени документи за ваучерите за одредени семејства за кои биле исплаќани средства со што бил сокриен приходот. Инспекторите откриле договор меѓу Јовановски и компаниите „Дрим Билдинг“ и ГП „Пелистер“ за изградба на Европски комплекс, а парите кои тие требало да ги добие Сојузот, биле префрлени на физички лица односно кај заменик претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ и кај пензионерката Лилјана Тодоровска на лични сметки. Од УЈП вчера на Јовановски му бил доставен записникот, но тој одбил да го потпише со образложение дека дал неотповиклива оставка во Сојузот.

Во БМЈ Груп, УЈП при контролата забележала префрлање на пари од 1ТВ за набавка на опрема, но не била издадена фактуира со што не бил пресметан данок. БМЈ Груп не евидентирале фактури и за концертите на Северина и Марија Шерифовиќ со што не го искажале приходот и нема пресметка на ДДВ.

Инспектори на Управата извршиле контрола и во Томато продукција која за 4.000 евра месечна закупнина му го издавала објектот на Боки 13 за телевизијата. Во Томато, пак, нашле затајување на данок при побарувањата на сопственикот на Томато од сопственичката на земјиштето која му била сопруга без да и биде доставена фактура. Објектот, според УЈП бил изграден од страна на Томато во 2009 година, но земјиштето било на сопругата на сопственикот на продукцијата и му го издавала без надомест. Објектот бил избришан од евиденцијата не сметководствените книги во 2015 година и се водел на сопругата на сопственикот на Томато. Кривична ќе биде поднесена за неиздавање на фактура за да се пресмета ДДВ и персоналниот данок.

Од УЈП информираат дека врши контрола во уште една фирма, која била поврзана со овие три фирми и дека ќе направи контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...