Пендаровски: Сега не е време за калкулации и политички поени, туку за обединување околу нашата иднина

Сега не е време за разочарување, за апатија или за калкулации за добивање на ситни дневно-политички поени. Сега е време за повторно обединување околу она што ни е најважно во Република Северна Македонија – нашата иднина и иднината на генерациите што доаѓаат. Јас сум длабоко уверен дека само ако работиме заедно – ќе успееме! Во овие моменти најмалку што ни е потребно е нашето незадоволство да го насочуваме кон одредени членки на Европската Унија.



Ова го истакна во обраќањето до граѓаните на претседателот Стево Пендаровски по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на кој се решаваше за пристапните преговори со Северна Македонија.

-Сега е најважно ние самите уште еднаш да ги потврдиме нашите позиции во однос на евроатланските интеграции кои немаат одржлива алтернатива. Членството во НАТО ќе се случи наскоро, а членството во ЕУ знаеме одамна нема да биде задача само на една влада, на еден парламент или еден претседател. Убеден сум дека ако го сакаме доброто на сопствената земја единствениот исправен пристап имајќи ги предвид новите околности е да бидеме уште порешителни во трансформацијата на нашето општество. Не треба да бидеме само формални членки на Унијата туку реално да го усвоиме системот на вредности и да гио примениме во секојдневниот живот, рече Пендаровски.

За жал, истакна претседателот, заклучоците на Советот не се во согласност со нашите оправдани очекувања и сигурно не се во рамките на претходните најави на самата Унија.

–Разбирливо е што во овие моменти кај многумина постои чувство на разочараност, меѓутоа, емоциите на страна, мораме трезвено да се соочиме со новата реалност. Ниту една политичка одлука не е за вечни времиња, ниту еден развој на настаните не е конечен. Неколку искуства од годините на нашата независност зборуваат во прилог на оваа моја констатација, истакна Пендаровски.

Но, како што нагласи, пред да донесеме одлука за тоа како понатаму, важно е да разбереме зошто некои одлуки се такви какви што се, а не такви како што со право очекувавме да бидат.

– Имено, неспорно е дека ги исполнивме сите предуслови за почеток на преговорите и тоа беше констатирано на претходната средба на Советот во јуни, кога без други забелешки, беше заклучено дека од технички причини поврзани со временскиот лимит, по штотуку завршените евро-избори, одлуката ќе биде донесена на самитот во октомври, рече претседателот.

Додаде дека сите информации што ги имале за разговорите, пред и за време на самитот, неспорно зборуваат за концепциски разлики меѓу носечките држави членки на ЕУ во однос на процесот на проширувањето и, како што посочи, дел од тие забелешки се однесуваат на методологијата за водењето на претпристапните преговори.

–Мојот став од почетокот беше и останува дека предлозите за надградување на методологијата се добредојдени, затоа што заедничка цел е да се осигураат позитивните промени што треба да се случат во текот на процесот, рече тој.

Меѓутоа, како што посочи Пендаровски, во позадината на сите преговори можеа да се слушнат и размислувања за градење на некаков посебен однос на Европската Унија со државите од нашиот регион, различен од патот низ кој што поминаа сите некогашни кандидати за членство.

–Почитувани, тие дилеми допираат до самата суштина на европската идеја, а, таа е дека сите држави на континентот, со исполнување на критериумите имаат право на полноправно членство во Унијата. Идејата за обединета Европа е право на сите Европејци и тоа никој не може да им го одземе. Ние сме европска држава и имаме право да бидеме дел од заедничкиот европски дом, истакна Пендаровски.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски посочи дека нашата држава има многу искрени пријатели и сојузници во Европа.

-Во овие моменти кога некои од нас се преиспитуваат, сакам јавно да кажам дека ние во Европа немаме непријатели, постојат само држави кои имаат свои специфични национални интереси кои ги штитат и во тоа нема ништо спорно. Сведоци сме дека огромното мнозинство држави се бореа и се борат за нашите интереси како што се борат за сопствените национални интереси, рече шефот на државата.

Нивната поддршка, како што додаде, е искрена и без заддршка, а во тоа се уверив и за време на моите посети во Брисел, Берлин, Виена и Љубљана.

-Убеден сум дека сите тие ќе продолжат да не поддржуваат независно од развојот на настаните во иднина. Сега е најважно ние самите, уште еднаш, да ги потврдиме нашите позиции во однос на евроатлантските интеграции кои немаат одржлива алтернатива, рече Пендаровски.

Во контекст на тоа додаде дека е убеден дека ако го сакаме доброто на сопствената земја, единствениот исправен пристап, имајќи ги во предвид новите околности е да бидеме уште порешителни во трансформацијата на нашето општество.

–Ние не треба да бидеме само формално членка во Унијата, туку реално да го усвоиме системот на вредности и нивна примена во секојдневниот живот на граѓаните. Реформите во многу области, а особено функционирањето на правната држава, мора да продолжат и да се интензивираат без никакви калкулации, рече Пендаровски.

Посочи дека справувањето со организираниот криминал и високата корупција не се само услов за интеграциите, тие се, многу повеќе, нужност за опстојувањето на еден оддржлив правен поредок.

–Европските стандарди треба да станат домашни стандарди. Ако нашите луѓе не видат европски стандарди на живеење, само формалното членство во Унијата не му е никому потребно. Независно од заклучоците на Советот на ЕУ, договорите што ги постигнавме со нашите соседи Бугарија и Грција мораме да продолжиме да ги спроведуваме, онака како што е договорено, со фер пристап од сите страни, бидејќи тие се темел на добрососедските односи, но и на регионалната соработка и стабилност, рече Пендаровски.

Исто така, како што додаде, внатрешните реформи за целосна интеграција и рамноправност на сите етнички заедници мораат да продолжат затоа што се предуслов за внатрешната кохезија и стабилноста на државата.

–Во овие моменти, најмалку што ни е потребно, е нашето незадоволство да го насочуваме кон одредени земји членки на Унијата и без потреба да ја трошиме енергијата во креирањето на политички тензии. Токму затоа, во името на нашата иднина ги повикав раководствата на најголемите политичките партии, за момент да ги остават настрана своите легитимни партиски интереси и сите заедно да ја реафирмираме нашата визија за иднината на земјата, рече шефот на државата.

За таа цел, како што рече, упатил покани за лидерска средба до претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата.

-Убеден сум дека токму сега е време да покажеме единство околу нашата стратешка ориентација, без разлика на легитимните политички разлики по многу прашања. Сакам да ја информирам македонската јавност дека од сите поканети добив позитивен одговор и таа средба е веќе закажана за в недела, на 20 октомври, рече Пендаровски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуменката и и вика:
- "Замисли мајко, одев низ шумата и наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?
- "Не грижи се ќерко, само оди и изеди три лимуна"
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на студентската...
1558.- Умре англиската кралица Мери I Тјудор,...
1587.- Роден е холандскиот писател Јост ван ден...
1755.- Роден е францускиот крал Луј XVIII, кој...