Рускоска: Јанева влезе во мрежата на т.н. естрадна ѕвезда Боки 13

-Жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓаните на оваа држава, рече јавниот обвинител Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште за „Рекет“.

– Имаше еден филм за Чарлиевите ангели на СЈО, но имаше и една специјалната јавна обвинителка што влезе во мрежата на т.н. естрадна ѕвезда Боки 13, изјави Рускоска.

Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

– Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци, изјави Рускоска.

Може ќе чуете, рече Рускоска дека Камчеви први побарале и молеле за помош, но не е така.

– Ќе изнесеме докази дека Боки 13 преку Кичеец први стапиле во контакт со Ана Камчева. Обвинетиот Кичеец може ќе слушнете дека се што направил било да му помогне на Камчев зошто го чувствувал како брат, но ќе видите и дека не заборавил да ја земе торбата полна пари, изјави Русковска.

Претходно, Јовановски и Јанева се изјаснија дека не чувствуваат вина, додека Зоран Милевски – Кичеец го призна делото за „Рекет“.

Откако Кичеец ја напушти судницата, процесна забелешка даде адвокатот Сашо Дуковски, кој рече дека не им бил дозволен увид во содржината на усб кое го доставил третообвинетиот Милевски-Кичеец до Обвинителството.

-Доколку би ја занаеле содржината на овој доказ можеби нашата одбрана би се движела во друг правец, рече Дуковски.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.

Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...