Јанева: Се надевам дека не се плашите од заканите на Рускоска за „тресење од гаќи“

Обвинетата поранешнаа специјална јавна обвинителка Катица Јанева на судењето за „Рекет“ рече дека не се чувствува за виновна и дека знае оти Јавното обвинителство нема никакви докази против неа.



– Горда сум на СЈО и тимот што го водев четири години. Горда сум на сите предмети што се отворија. За четири години направивме 171 предмет кои сите во различна фаза ги предадовме на Јавното обвинителство и очекувам тие да имаат завршница, рече Јанева.

Одговорно тврдам, кажа таа, дека како СЈО постапувала согласно закон и се што направила во СЈО ќе биде основа на изучување од следните генерации.

– Јас како СЈО во изминатите четири години се изложив лично, како и моето семејство на голем ризик и се уште одам гордо и со крената глава. Очекувам судот да донесе ослободителна пресуда за дело што е инструирано од јавната обвинителка и се надевам дека не се плашите од нејзините закани за „тресење од гаќи“, изјави Јанева.

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчковска, кажа дека одбраната ќе докаже дека Јанева е невина и неосновано обвинета, злоупотребена со нечесни игри.

– Обвинителството нема ниту еден доказ. Ја товари Јанева дека наводно ги злоупотребила својата позиција и моќ, за што тврди дека го направила за остварување на лична корист, изјави Фрчковска.

Ќе докажеме дека Јанева не ги пречекорила своите овластувања во ниту еден момент.

-Таа имала право да го стори сето тоа, согласно својата проценка доколку тоа придонесе за решавање на случајот. Ќе докажеме дека Јанева сето тоа го направила за побрзо затворање на случајот, а не за остварување на лична корис, изјави Фрчковска.

Обвинителството го игнорира фактот дека Јанева имала право да даде свое мислење.

Претходно и првообвинетиот Бојан Јовановски се изјаснија дека не чувствува вина, додека Зоран Милевски – Кичеец го призна делото за „Рекет“. По изјаснувањето на обвинетите, Судот даде пауза за техничко раздвојување на постапката за обвинетиот кој призна вина.

Судењето за „Рекет“ продолжува на 6 декември, за кога се повикани исказ да дадат сведоците Јордан и Ана Камчеви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...