Пендаровски: Повторното одложување на преговорите со ЕУ може да има непредвидливи и непоправливи последици

Евентуалното повторно одложување напролет на одлуката за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ би бил многу сериозен удар. Повторувањето на стратегиската грешка од октомври би можело да има многу длабоки, непредвидливи, а можеби и непоправливи последици, оценува претседателот Стево Пендаровски во интервју за германски „Шпигел“.



Пендаровски потсетува дека одложувањето на одлуката за старт на преговорите во октомври била голем шок за Северна Македонија, но и за многу други.

– Иако францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека се потребни реформи на процесот на проширување на ЕУ, сите се надеваа дека нема да биде блокиран стартот на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Тоа беше големо разочарување за нашите граѓани, за нашата Влада и лично за мене. На крајот на краиштата ние ги направивме сите потребни реформи и договори, и најмногу од се направивме нешто што е уникатно во модерната светска историја – за да го решиме проблемот со Грција што не блокираше, го сменивме името на државата од Македонија во Северна Македонија, изјави Пендаровски.

Тој посочува дека и многу водечки политичари во ЕУ потврдиле дека е направена стратегиска грешка и оти Унијата не може да биде релевантен геоплитички играч ако не го интегрира Западен Балкан.

Пендаровски вели дека добил уверување од Макрон оти проблемот не е во Северна Македонија, туку во ЕУ на која и се потребни реформи во однос на преговарачкиот процес, но, нагласува, ние стравуваме дека можеме да станеме втора Турција која со години е заглавена како постојан кандидат за членство.

Шефот на државата истакнува дека Скопје нема ништо против реформи во преговарачкиот процес и е подготвено да ги спроведе неопходните реформи, а го прифаќа и предложениот модел на ревизрибилност, но очекува евентуалните реформи на процесот на пристапување да бидат направени брзо и без натамошни одложувања.

За Северна Македонија, нагласува Пендаровски, е неприфатлива каква било друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ.

Предупредува дека дистанцирањето на ЕУ од Западниот Балкан може да отвори простор за други играчи и да влијае негативно на реформите во земјите од регионот.

– Тие може да кажат дека Македонците ги исполнија сите услови, го сменија нивното име, а не добија ништо. Тогаш зошто ние да правиме сериозни напори и реформи? Тоа особено се однесува на проблемот на Србија и Косово, изјави Пендаровски.

Прашан дали евентуалниот вакуум може да го искористат Русија, Турција и Кина, тој наведува дека не сака да именува ниедна држава, но оти има центри на моќ кои не се задоволни од проширувањето на НАТО и ЕУ.

– Во тој контекст земјите во регионот се често цел на лажни вести, дезинформации или кампањи со цел нивна дестабилизација, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Шпигел“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Неискусна девојка го прашува момчето:
-Мили, какво ти е тоа испакнување на панталоните?
-Тоа е бубрег мила.
-Ох, толку сум загрижена за тебе. Да не имаш камен во бубрегот?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1265.- Првпат е свикан англискиот Парламент со...
1327.- Англискиот крал Едвард Втори го принуди...
1649.- Заробениот крал Чарлс Први на крајот на...
1667.- По 13-годишните борби Русија ја порази...