Пендаровски: Неопходно ни е граѓанско помирување и надминување на поделбите

-Пред мене, но, и пред сите нас, стои огромна работа, бидејќи поделбите меѓу граѓаните на кои некои работеа со години, се уште сè длабоки. Ако порано и денес, тоа одеше и оди по линија на етничката припадност, во последната деценија поделбите и меѓу Македонците драматично се продлабочија, рече претседателот Срево Пендаровски во своето прво годишно обраќање пред пратениците во Собранието.

Притоа, како што кажа, не зборува за политичките разлики кои легитимно постојат во секоја демократија, туку за непотребното трошење на енергијата и потенцијалот на општеството кои мораат да бидат обединети околу неколку стратешки важни работи на кои ќе инсистирам и за кои ќе предлагам модели за постигнување на поширок државен консензус.

-Граѓанското помирување за кое зборував на мојата инаугурација нема да се случи самото по себе, ако никој не понуди конкретни платформи за дијалог меѓу засегнатите страни. Вчера, на моја иницијатива, одржавме средба со лидерите на најголемите верски заедници на којашто ги замолив, секој во рамките на своите надлежности да дејствува во насока на продуктивна коегзистенција меѓу верниците и меѓусебно почитување во едно мултирелигиско и мултикултурно општество какво што е нашето, истакна Пендаровски.

Средбата на лидерите на парламентарните партии, како што посочи, која се одржа веднаш по неповолниот исход на последниот европски самит и која беше прва од таков вид без посредување од меѓународната заедница, покажа дека поседуваме доволен домашен потенцијал во битни историски моменти да се обединиме за битни прашања. Впрочем, додаде Пендаровски, наспроти сите политички разлики меѓу власта и опозицијата, кога беше најважно, со широк консензус беа донесени неколку круцијални двотретински закони во сферата на судството, антикорупциското законодавство и реформата на безбедносниот систем.

-До крајот на годината, за првпат во кабинетот на еден претседател, ќе организираме серија средби на навивачките групи во кои се активни млади со различна етничка припадност, и на кои средби, на моја покана, ќе бидат присутни и неколку учесници и сведоци од конфликтот во 2001-та, кои тогаш беа на различни страни. Мојата цел е на овие млади луѓе преку директни примери да им ја покажеме, од една страна, цената на насилството, а од друга, вредноста на дијалогот и дебатите и за најтешките прашања со кои сме соочени во нашата заедничка земја.Старите поделби по етничка и партиска линија не ги надминавме, а на дневна основа веќе ги гледаме новите поделби, дали во врска со лицата со попреченост, дали во однос на различната сексуална ориентација и родовиот идентитет на некои од нас. Драги пријатели, сè додека се делиме по различни основи и ги дискриминираме поинаквите од нас, не можеме да зборуваме за напредок и да се дефинираме како прогресивно општество. Притоа, ниту една промена на подобро не се случила затоа што јавноста или средината биле подготвени за тоа, туку, затоа што некој активно работел за тие промени да се случат. Против предрасудите и стереотипите треба да се бориме сите, но, да не се лажеме, одговорноста да се биде во првите редови на таа борба лежи, пред сè, врз нас, избраните политичари, истакна претседателот на државата.

На годишното обраќање на претседателот Пендаровски присуствуваат пратенции, членови на Владата, претставици на судската власт, на дипломатскиот кор, на верските заедници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се враќа калуѓерка во манас-
тирот и &иацуте; вика на сестрите:
-Замислете сестри,на одење
наваму во шумата ме нападна еден
човек и ме силуваше.Што да
правам сега?
-Не бери...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Умрел Лодовико Ариосто, италијански...
1660.- Во Мадрид умрел Диего Родригес де Силва...
1816.- Францускиот лекар Рене Ленак го измислил...
1830.- Француското Собрание го избрало Луј Филип...