Спасовски: МВР да се грижи за безбедноста

Институциите да продолжат да функционираат нормално, да ги испорачаат сите услуги кон граѓаните, пред се одржувањето на безбедноста и стабилноста на Република Северна Македонија. Оваа порака ја упати техничкиот премиер Оливер Спасовски до сите институциите, посебно до Министерство за внатрешни работи, кое деновиве донесе неколку одлуки,меѓу кои и за прераспределба на обезбедувањето кај претседателот, Стево Пендаровски.



-Посебно треба да се внимава во МВР, заради тоа што многу е важно да немаме никакви сериозни закани за безбедноста или пак да се предизвикаат одредени постапки кој што ќе бидат превземени и на тој начин да дојдеме во една ситуација на нестабилност и неизвесност кај граѓаните. Тоа не ни е потребно. Сметам дека не носи ништо добро тоа што ќе создаде хаос. Очекувам сите овие недоразбирање да бидат надминати, изјави Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прва прес – конференција во Владата.

Тој истото така додаде дека примарна задача на оваа Влада е да продолжат да функционираат институциите, да продолжат сите проекти, и се она што е предвидено во програмите и во буџетот да го реализираат, односно организација на фер и демократски избори.

-Затоа треба сите политички субјекти кои учествуваат во Владата, да имаат политички сенс и одговорност, и да не излегуваат надвор од рамките на она што им е дадено како можност со Законот за Влада. Второ да не се нарушува функционирањето на институциите и да се одржуваа некаков нормален тек на работите. Сè што е надвор од овие приоритети е некакво своеволно толкување и на одредбите на законите, и на начинот на кој се функционира, кажа Спасовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...