Таткото на четиригодишното дете позитивно на Ковид-19 апелира да престанат дезинформациите и говорот на омраза

Драганчо Златанов, таткото на четиригодишното девојче, кое е првиот пациент со Ковид 19 на Инфективното одделение се јави од Англија и за МИА информираше дека неговото дете и сопруга во земјава се пристигнати на 14 март без никакви симптоми на болеста. Тој забележува дека доколку неговото дете и сопруга имале какви било симптоми ќе останале во Англија, а не да дојдат во земјава и да го загрозат здравјето најпрвин на потесното семејство, а потоа и на сите останати околу нив.



-Одговорно ви тврдам дека од градинката во Англија добивме маил во вторникот, во којшто не известуваат да се прегледаме, бидејќи имаат регистрирано случај на заболен родител на дете во градинката, каде што беше згрижена и мојата ќерка. Моето дете не е дојдено од Англија со симптоми, како што тврдат одредени медиуми или како што ги гледам коментарите на социјалните мрежи. Ние сме британски државјани и имаме здравствено осигурување и во Англија. Револтиран сум што секакви дезинформации има околу нашиот случај, вели Златанов.

Побара да престанат дезинформациите, шпекулациите и говорот на омраза за и околу нивниот случај. Тој за МИА вели дека откако ја добиле електронската пошта од градинката веднаш неговата сопруга побарала да се тестираат во Центарот за јавно здравје-Штип.

Инаку изминатите денови неговото детето било во самоизолација и не е излезено од домот. Златанов вели дека од неговото семејство покрај неговата ќерка, позитивна е и една од бабите, додека за неговата сопруга и нејзиниот татко синоќа се пристигнати резултатите и се позитивни на Ковид-19. Забележа дека во земјава неговото семејство не е пристигнато за да биде на товар на македонскиот здравствен систем, како што од завчера ги слуша и гледа коментарите на одредени медиуми и на социјалните мрежи. Потенцираше дека финансиите на неговото семејство не се проблем, тие во Англија имаат хотел и сопствена такси компанија и се здравствени осигуреници на Англија, која што како што вели дава врвна здравствена заштита.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека семејството е во домашен карантин, бидејќи се со лесна клиничка слика, задолжени се инфектолозите двапати во денот да ги посетуваат и да ја следат нивната здравствена состојба. Во текот на денот очекуваат и резултати за уште двајца пациентите, кои се од други градови во источниот регион и не се поврзани со овој случај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...