Судењето за Рекет одложено за 26 март, Јанева е во ризична група на граѓани

Судењето за случајот Рекет е одложено за 26 март поради здравствената состојба на обвинетата Катица Јанева, која согласно мерките и препораките од Владата за заштита и превенција од Ковид 19 спаѓа во ризична група.



Судијката Васка Николова Масевска го прифати барањето на одбраната на обвинетата Катица Јанева, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска во кое се наведува дека Јанева има една од оние индикации – болест поради што спаѓа во ризична група на граѓани и треба да биде седи дома согласно мерките и препораките од Владата.

Обвинетата Катица Јанева се наоѓа во куќен притвор, а првообвинетиот Бојан Јовановски се наоѓа во притвор. Со тоа, случајот спаѓа во итни и неодложни предмети за кои Судот одлучи да продолжат со зголемено ниво на претпазливост.

Судскиот совет на 19 март донесе одлука за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од Ковид-19, согласно кои Основниот кривичен суд – Скопје ќе продолжи со судење само на итните и неодложни предмети односно притворски и кривични предмети со други мерки за обезбедување присуство на обвинетите и кривични предмети за кои постои опасност од застарување.

Случајот се наоѓа во доказна постапка со изведување докази предложени од одбраната, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...