Национална веб-платформа за далечинско учење за основците и средношколците

Од утре ќе биде во функција унифицирана национална веб-платформа за далечинско учење од дома за сите основци и средношколци.

Линкот до е-училницата е: www.eduino.gov.mk и ја изработува Бирото за развој на образованието во соработка со УНИЦЕФ по примерот на ефикасни платформи за далечинско учење што се користат во регионот, пред сè во Хрватска.



– Платформата ќе понуди видеолекции односно разработка нa методски единици за сите одделенија и сите задолжителни предмети. Тие ќе траат 15 минути и ќе бидат придружени со презентација, нарација и објаснување од наставник што ќе се пријави за таа цел. Веќе се известени сите основни и средни училишта за платформата за далечинско учење и досега се пријавиле околу 600 наставници, а интересот од нив расте секој ден, рече на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми.

До сите училишта се доставени обрасци и видео упатства за подготовка на видеолекции. Адеми соопшти дека има пријави за над 1.000 лекции, а пристигнати се околу 400 лекции. Тие се проверуваат содржински и се внимава да не се повторуваат тематски. Очекува драстично да се зголемува бројот на пријави во наредните денови.

Оваа е-училница е најнова мерка на Владата зашто, како што рече Адеми, јасно е дека наскоро нема да продолжи регуларната настава, но тоа не значи, рече тој, дека целосно ќе прекине воспитно-образовниот проес и дека годината треба да се прогласи за завршена.

Тој соопшти и за донесените уредби на вчерашната седница на Влада за институциите од сите образовни нивоа – основно, средно и високо образование и за јавни научни институти да организираат електронко учење од дома, за што самите ќе го изберат начинот и формата на далечинско учење, како видеоконференциски платформи, елекронска пошта и различни други средства и алатки што обезведуваат двонаосочна комуникација меѓу учениците/студентите и наставниците/професорите. Наставниците ќе реализираат настава, ќе организираат вежби, тестирања, проверки и објективно оценување на знаењето ученците.

Министерот потсети на веќе донесените мерки за учење од дома, препорачаните платформи и апликации бесплатни за користење, во соработка со УНИЦЕФ и граѓанскиот сектор, интензивирањето на програмата ТВ-училница од по два и пол часа секој ден на МРТ, со 15-минутни лекции за сите предмети за основно од прво до деветто одделение, како и емисиите и приказни за деца од претшколска возраст.

На новинарски прашања за пристапот до интернет и компјутер, Адеми одговори дека цела територија на државата е покриена со интернет и дека за онлајн-настава не треба да се има смарт-технологија. Сепак, рече, предизвикот со ИТ-опрема е поголем за учениците од основно и средно отколку за студентите и доколку има проблеми треба да се пријават. Притоа нагласи дека условите се вонредни, но образовна надградба мора да има, за што со донесени и уредбите кои обезбедуваат правна основа.

Во однос на тоа како ќе се оценува знаењето на учениците онлајн, Адеми рече дека во уредбите за сите образовни нивоа се предвидува дека наставнците може да ги оценуваат, а за начинот Бирото за развој на образованието веќе подготвува упатстава и препораки за сите наставници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...