Доставени првите 300 заштитни маски со визири за медицинските работници

Повеќе од 35 приватни и комерцијални 3D принтери се ставени во функција и работат буквално 24 часа со цел да може да се произведе доволна количина на заштитни маски со визири за медицинските работници.

Поради запазување на медицински протокол и препораките за справување со Корона вирусот, а во соработка со клиниките, првата количина од 315 маски вчера беа доставени во ГОБ “8-ми септември” на стерилизација, а подоцна и на официјална прераспределба на местата кои се први изложени на удар од корона вирусот.



Покрај овaа количина на маски доставена во Скопје, помали тимови од внатрешноста на републикава, Куманово, Битола, Охрид, Прилеп веќе работат со своите домашни 3D принтери со цел да се снабдуваат и медицинските работници директно на локално ниво. Многу од членовите на инцијативата кои немаат принтери помагаат координирајќи соработка меѓу колегите и болниците, со цел да се запазат истите протоколи како и во Скопје.

По стерилизација, првата количина маски ќе бидат доставени до Инфективна клиника, Клиниката за Гинекологија и акушешрство, Ургентен центар при Клиничкиот центар “Мајка Тереза”, Универзитетската Клиника по Хирушки Болести “Св. Наум Охридски”, Детската Болница “Козле” и Градската Општа Болница “8-ми септември”. Со организиран превоз, маски ќе се испратат и во Дебар, Куманово, Струга и Охрид.

-Голема благодарност на сите членови на заедницата кои постојано работат за да може да се направи доволна количина на маски, а уште поголема благодарност до сите донори со чија помош се покриваат материјалите за овие маски да станат достапни на медицинските лица, односно на клиниките. Истите не се за продажба. Оваа иницијатива е од граѓаните за граѓаните и не е со цел остварување на профит. Моделот по кој работиме, како и повеќето модели кои можат да се најдат на интернет и веќе кружат по социјалните мрежи подлежат на non-commercial лицанца, што и ја прави нивната продажба противзаконска. Ќе додадеме и некои технички детали за овие маски. Држачите кои што имаат контакт со челото можат да се стерилизираат во водорор пероксид плазма на 50Cо, додека провидниот материјал може да се исчисти со потопувње во чист етанол или соодветен дезинфициенс, изјави Доц. Д-р Ристе Попески-Димовски од Институт за Физика при Природно-математички Факултет.



И покрај големиот ангажман водиме детална евиденција, кој што произвел и што доставил. Донациите кои ќе стигнат на сметка на АМЛС (Асоцијацијата на млади лекари и специјалисти) ќе бидат јавно достапни со цел да се знае каде и за што се потрошени средствата. Дали се набавувало материјал или некое резервно делче за принтерите. Со цел да сме отворени, ќе кажеме дека по сегашните цени на материјалот една маска има потрошен материјал од 40 денари, не рачунајќи ја тука струјата и времето која граѓаните ќе ја потрошат дома или бензинот на оние кои го собираат и дистрибуираат готовиот материјал. Тој трошок е донација од сите нас. Секако ние не можеме да спречиме доколку некој сака и реализира профит од оваа ситуација.

-Оваа инцијатива нема да застане само на овие заштитни визири. На барање на нас лекарите и на барање на болниците, 3Д дизајнери веќе работат на варијанти за елементи кои би можело да станат дефицитарни доколку продолжат забраните за извоз на медицинска опрема кои ги имаат повеќето земји, изјави Д-р Александар Каревски од Оддел за ортопедија и трауматологија при ГОБ “8-ми септември”.

-Можеби во поинакви услови, доктори, дизајнери, производители ретко седнуваат на една “маса” но во овој случај работиме за доброто на граѓаните, додаде Доц. Д-р Ристе Попески – Димовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...