Одлуката за почетoк на преговори со ЕУ е голема победа, бидејќи 15 години не можевме да ја добиеме

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи смета дека земјава остварила голема победа со тоа што добила одлука за почеток на преговорите со ЕУ, нешто што, како што вели, 15 години не можела да го направи поради ветото на разни земји.

-Ние овие 15 години досега имавме проблем да добиеме одлука за почеток на преговори за членство во Унијата. Одлуката значи политичка волја на 27 земји членки да ни дадат можност да влеземе во последната фаза од патот кон ЕУ кој ќе заврши со полноправно членство во Унијата. Остваривме огромна победа вчера со тоа што добивме одлука што не можевме да ја добиеме 15 години, реле Османи на денешната прес-сконференција одговарајќи на новинарско прашање.

Започнувањето на преговорите, рече, има три моменти, одлука за почнување на преговорите, преговарачка рамка и ден кога се одржува меѓувладината конференција кога формално започнуваат преговорите. Ние вели Османи, вчера добивме одлулка за почнување на преговори, нешто што не можеше да се направи во изминатите 15 години.

-Според најавите што јас ги имав претходно пред пандемијата, планот за нас беше првата меѓувладина конференција да се одржи некаде во јуни. Бидејќи сега Советот даде мандат на Комисијата да подготви преговарачка рамка, таа треба да се усвои и да се одржи меѓувладина конференција на која јас како шеф на државната делегација би присуствувал во Брисел пред земјите членки и би ги презентирал нашите позиции. Но сега заради пандемијата кога ќе се одржи таа меѓувладина седница не може да се каже, бидејќи целиот свет, па и ЕУ функционира во вонредни услови, рече Османи.

Прашан дали преговарачките тимови може брзо да се преструктуираат за работа по новата методологија, односно наместо по поглавја по кластери, вицепремиерот Османи истакна дека тоа може да се направи во кус период, но дека сега е прашање како ќе се справиме со пандемијата за да се создадат непречени услови за работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...