ИНЕРКОМ: „Војната“ околу авторските права да биде оставена по завршување на кризата

Институтот за развој на електронски комуникации ИНЕРКОМ денеска упати реакција на допис којшто, како што наведува во соопштение, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го упатило до оператори на јавни комуникациски мрежи и побарало да се исклучат регионални канали.



Според ИНЕРКОМ, „војната околу авторските права треба да биде оставена по завршување на вонредната криза од коронавирусот.

-Недозволиво е во ек на пандемија и препораки од домашните власти и светските организации да се остане дома, министерот за информатичко општество да бара операторите да ги исклучат каналите што ги нудат бесплатно на своите корисници, нешто што е првенствено направено за добробит на граѓаните кои остануваат дома за време на изолацијата наметната од корона-вирусот, наведува ИНЕРКОМ.

Иронично, наведува ИНЕРКОМ, иако Министерството на почетокот од дописот ги поздравува добрите намери на операторите со кои им помагаат на граѓаните да останат дома, на крајот упатува индиректна закана до операторите во која се вели дека доколку ситуацијата остане иста односно не се исклучат каналите, Владата ќе донесе уредба (со законска сила н.з.) со цел да се промени праксата или во превод ќе ги примора операторите да ги исклучат каналите.

-Скандалозните законски измени на Законот за АВМУ, донесени пред самораспуштање на Собранието, ги предизвикаа сите оператори да упатат протест преку најава за исклучување на сите канали освен МРТ, по што следуваа преговори со Владата. За штетните одредби од овој Закон и далекусежните последици од него, ИНРЕКОМ предупреди пред самораспуштање на македонското Собрание ги повика народните избраници да не ги донесуваат законските измени со кои се воведоа правила кои не беа применливи во пракса, стои во соопштеието од ИНЕРКОМ.

Бараат Владата и Министерството да не преземаат чекори кон донесување на уредби со што операторите би биле приморани да ги исклучат каналите. ИНЕРКОМ истовремено им препорачува на операторите постапките кои ќе ги повлечат да бидат во интерес на нивните корисници, апелирајќи да го пролонгираат исклучувањето на услугите во случај на неплатени обврски и побарувања кон претплатниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...