Филипче до здравствените работници: Вашата пожртвуваност спасува животи, вие сте хероите во оваа битка

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во видео порака на здравствените работници им го честита Меѓународниот ден на здравјето 7 април, оддавајќи им признание за клучната улога која тие ја имаат во здравствената нега и грижата за нашето здравје.

Драги колеги здравствени работници, Ви оддавам посебно признание за клучната улога која ја имате во здравствената нега и грижата за нашето здравје. Вашиот труд и пожртвуваност спасуваат животи и токму заради вас луѓето веруваат дека ќе бидат безбедни и здрави. Сега, здравството и здравствените работници се клучниот столб во државата. Верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме, да останеме посветени, сконцентрирани и да дадеме се од себе да им помогнеме на нашите сограѓани. Да издржиме со справувањето со коронавирусот во земјава. Овој ден е ваш ден, вие сте на пиедесталот. Бидете горди на тоа што го работите, на тоа кои сте и колку сте значајни за секој од нас. Ви го честитам денот на здравјето и здравствени работници искрено ви благодарам за се што правите да ја надминеме кризата.

Posted by Венко Филипче on Tuesday, April 7, 2020

-Ова обраќање ви го посветувам на вас, здравствените работници. Во овие моменти, исправени пред најголемиот светски здравствен предизвик ја водиме битката на нашата генерација. Коронавирусот од корен го измени нашето секојдневие и ќе направи трајни промени во нашите животи. Но, во оваа битка вие сте хероите. Вашиот труд и пожртвуваност спасуваат животи и токму заради вас луѓето веруваат дека ќе бидат безбедни и здрави, вели Филипче во обраќањето.

Според министерот за здравство, сега здравството и здравствените работници се клучниот столб во државата.

-Знам дека во моментов носите огромен товарот. Заморот полека не стига сите, а не чекаат уште тешки денови. Но, јас верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме, да останеме посветени, сконцентрирани и да дадеме се од себе да им помогнеме на нашите сограѓани, вели тој.

Министерот Филипче им порачува на здравствените работници дека сега е многу важно да се грижат за себе и за своето здравје.

– Вие сте први на удар на вирусот и морате да се штитите. Без исклучок, штитете се на работното место, но и надвор од него. Грижете се за себе, за да можете да и натаму да се грижите за пациентите, потеницра тој.

Овој ден е ваш ден, вие сте на пиедесталот, вели Филипче, бидете горди на тоа што го работите, на тоа кои сте и колку сте значајни за секој од нас.

-Ви го честитам денот на здравјето и здравствените работници и искрено ви благодарам за се што правите да ја надминеме кризата, посочува министерот за здравство.

Во моментот во земјава покрај своите редовни задачи, сите здравствени работници и здравствениот систем се мобилизирани за справување со коронавирусот и зачувување на јавното здравје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...