Љушев: Телеком ќе донира мобилен интернет за учениците од семејства со социјален ризик

Македонски Телеком ќе донира мобилен интернет за сите 30.000 основци и средношколци кои доаѓаат од семејства во социјален ризик за да ги следат наставните програми на платформите за далечниско учење, определени од Министерството за образование и наука, најави денеска директорот на Македонски Телеком Никола Љушев.

Тој на денешната прес-конференција во Владата посочи дека далечинското учење е задолжително, но како што потенцира, сите деца ја немаат таа можност.

-Иако сме земја со фиксен интернет со пристап од околу 80-тина проценти од територијата околу 30.000 деца кои доаѓаат од семејства со социјален ризик или 18.400 домаќинства не се во можност да ја следат наставата. Во соработка со МОН и МИОА одлучивме дека можеме да најдеме заедничко решение на овој проблем. Телеком ќе донира мобилен интернет за овие ученици што е еден чекор напред кон решавање на предизвикот за обезбедување еднакви услови за дигитална настава за сите деца, објасни тој.

-Вклучувањето на ранливите категории во дигиталното општество за нас не е ново, но е приоритет во услови во кои единствениот пат по кој се движиме е онлајн, потенцира Љушев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...