Нови 17 случаи со Ковид-19, оздравени 16

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 16 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-7, Куманово-6, Прилеп-2, Велес-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89), хоспитализиран од 4 мај. Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април. Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата, досега, изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 592, активни 134

• Куманово – 413, активни 43

• Дебар – 51,

• Штип – 35, активни 1

• Прилеп –193, активни 63

• Тетово – 131, активни 68

• Струга – 69, активни 6

• Велес – 113, активни 49

• Битола –26, активни 7

• Охрид –17, активни 2

• Кавадарци – 5,

• Гостивар –19, активни 3

• Гевгелија – 4,

• Струмица – 2,

• Крива Паланка- 6, активни 2

• Радовиш – 4,

• Крушево – 3,

• Кочани – 31, активни 4

• Пробиштип – 2,

• Кичево – 2,

• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1,

• Македонски Брод – 2,

• Пехчево- 3, активни 1

• Делчево-1,

• Валандово -1, активни 1

• Виница – 2,

• Кратово-2, активни 2

• Берово-1, активни 1

Направени се 460 теста и тоа преку: ИЈЗ –257, Ветеринарен факултет -14, Авицена –8, Биотек – 20, Клиника „Жан Митрев“ –33, Систина со PCR метода -19 и МАНУ -109. Досега во земјата се направени вкупно 20.548 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, како што информираат од Министерството, 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран еден позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 44 од кои на кислородна поддршка се 23 пациенти, а на механичка вентилација е еден пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се шест нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 23 од кои на респираторна машина се шест пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица и нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...