Денес 25 нови случаи на корона вирус, 8 оздравени и 3 починати лица

Институтот за јавно здравје денеска регистрира осум оздравени пациенти и тоа во: Скопје – 7 и Прилеп – 1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60 г.), хоспитализирана на клиниката од 27 април.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Струга (59 г.), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51 г.) хоспитализиран на 4 мај. Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, бројката на оздравени пациенти е 1.301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 628, активни 152

• Куманово – 416, активни 31

• Дебар – 51,

• Штип-36, активни 2

• Прилеп –200, активни 63

• Тетово – 147, активни 79

• Струга – 70, активни 4

• Велес – 121, активни 50

• Битола –27, активни 8

• Охрид –21, активни 6

• Кавадарци – 5,

• Гостивар –19, активни 2

• Гевгелија – 4,

• Струмица – 2,

• Крива Паланка- 6, активни 2

• Радовиш – 4,

• Крушево – 3,

• Кочани – 31, активни 4

• Пробиштип – 2,

• Кичево – 2,

• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1,

• Македонски Брод – 2,

• Пехчево- 3, активни 1

• Делчево-1,

• Валандово -1, активни 1

• Виница – 2,

• Кратово-2, активни 1

• Берово-1, активни 1

Направени се 286 теста и тоа се преку: ИЈЗ –165, Клиника „Жан Митрев“ –3, Систина со PCR метода -18 и МАНУ -100. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на Ковид -19. Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 48 пациенти од кои двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 20 пациенти. На респиратор се шест пациенти, а со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, и нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...