40 нови случаи со КОВИД-19, почина пациент од Прилеп

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 40 нови случаи со КОВИД-19, починал пациент од Прилеп лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје од 12 мај, а излекувани се 11 пациенти: во Скопје двајца, во Штип еден, во Прилеп четири, во Велес два и во Кочани два.



Во изминатите 24 часа се направени и 549 тестирања.

Од новорегистрираните 40 случаи со КОВИД-19, 26 се во Скопје, по еден во Куманово, Прилеп, Велес и Битола, како и десет во Тетово.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 673, активни 169

• Куманово – 419, активни 23

• Дебар – 51, активни 0

• Штип-38, активни 3

• Прилеп –204, активни 55

• Тетово – 161, активни 73

• Струга – 71, активни 5

• Велес – 127, активни 52

• Битола –28, активни 9

• Охрид –21, активни 6

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –21, активни 4

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 3, активни 1

• Крива Паланка- 6, активни 1

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 31, активни 1

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 2, активни 0

• Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод – 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 1

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -1, активни 0

• Виница – 3, активни 1

• Кратово-2, активни 1

• Берово-1, активни 1

• Свети Николе-1, активни 1

Направените 549 теста се преку: ИЈЗ –302, Ветеринарен ф-тет -25, Авицена –24, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода -26 и МАНУ -94. Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на Kовид-19.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...