Полициски час уште оваа ноќ, угостителите ќе почнат да работат од задутре

Од утре, 27 мај, претстанува важењето на полициксиот час т.е. одлуката за забрана за движење која Владата ја воведе на 22 март, соопшти премиерот Оливер Спасовски вечерва на прес-конференција презентирајќи ги усвоените одлуки на седницата попладнево кои се, како што рече, врз основа на исполнети услови и од анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.



Од задутре, четврток, 28 мај, ќе почнат да работат угостителските објекти со прецизно утврден соодветен протокол за работа во отворените делови т.е. терасите. За работата во затворените објекти и тие што немаат тераси ќе се регулира во наредна фаза

Од 1 јуни 2020 ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на тековните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон Скопје, организирање на работниот процес со ротации и други слични мерки и препораки. Таа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа – за просторни услови, физичко растојание, носење лична заштита итн.

-Ова нема да важи за хронично болните, а отстапка од оваа одлука ќе има и за родители на деца до 10 години или деца од предшколска возраст за кои ќе се чека одлука за почнување на работа на градинките, рече Спасовски.

Нагласи дека одлуките се донесени врз основа на стручно мислење и од две, како што рече суштински причини – состојбата е под контрола и бројот на активни случаи е стабилен. Зголемувањето на број на дијагностицирани во изминатите денови, рече, се должи на непочитување на рестриктивните мерки од претходната фаза и се познати кластерите. Втората причина за овие одлуки, нагласи премиерот, се должи на високото стручно и професионално ниво и подготвеност и, како што рече, ни дава за право дека здравствениот систем е поставен така да може да успешно да одговори на предизвиците. Во нареден период нагласено ќе биде вниманието на актуелните жаришта.

Притоа Спасовски потенцираше дека треба да продолжиме да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме.

-Вирусот е тука и нема да исчезне преку ноќ. Ќе биде тука додека не се стекне имунитет и додека да се најде вакцина, рече Спасовски, додавајќи дека затоа е исклучително важна заштитата – физичката дистанца и носење заштитна опрема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...