Филипче предупреди за повторно воведување рестрикции поради непочитување на мерките

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче порача дека повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба. Тоа го анализирале денеска на состанок на Комисијата за заразни болести и ќе ја следат будно состојбата во наредните денови. Засега се уште нема потреба од таква мерка зашто се следат кластерите на вирусот. Зголемениот број случаи, рече Филипче, се најчесто од познати кластери, меѓутоа има и некои нови околу тие кластери во неколку општини.

Карантински мерки може да бидат воведени за општини каде има зголемен број на новозаразени поради непочитување на мерките – Сарај, Чаир, Гази Баба, Бутел и Аеродром каде има поголема концентрација на нови заразени од периодот на строгите рестриктивни мерки. Половина од 52 новозаразени (односно 26) во изминатите 24 часа се од Скопје.

Според Филипче, загрижува тоа што граѓаните не ги почитуваат препорачаните мерки за носење маски и дистанца, а има и прекршувања на решенијата за изолација и движење надвор од карантинот, има групни собирања, како и несоработка со епидемиолозите, давање лажни податоци и адреси за да не им се достават решенија за изолација. Тој рече дека ќе има посилни контроли , а од МВР побара поголема ажурност и санкционирање.

– Огромен број граѓани не се свесни за вирусот и болеста. Занемарување на вирусот нема да ни помогне, туку ја отежнува ситуацијата. Сакам јасно да порачам дека повторно ќе воведеме рестрикции таргетирани, локализирани на некои места согласно бројот на новодијагностицирани или поинакви ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. Ќе ги анализираме податоците – бројките и од следните денови во текот на викендот и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките. Во моментов заради стабилната состојба на здравствените капацитети, локализираните и познати кластери се уште нема потреба за тоа, но повторувам, будно следиме и ќе носиме одлуки доколку треба ќе воведеме повторно такви мерки. предупреди Филипче.

Нагласи дека и покрај олабавувањето на мерките и укинувањето на полицискиот час, мерките за заштита остануваат и, како што рече, тие се јасни и не се тешки за да се применуваат.

Соопшти за направените надзори во Центарот за јавно здравје Тетово и во Штип каде што се анализирале сите случаи. Од увидот во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата, дека има генерално непочитување на сите изречени мерки, носењето на маските и дистанцата – во Тетово и во околните места каде што има новодијагностицирани случаи.

Од увидот во Штип е констатирано непочитување на правилото за транспорт, посебно на вработените во конфекциите каде што има новодијагностицирани пациенти. Еден погон е затворен по налог на ДЗСИ. Во автобусите се возат вработени од сите конфекции, се собираат од сите околни места на Штип, не се почитува правилото за процент на пополнетост на автобусот, ниту пак носењето маски. Во таа една конфекција има 17 заболени и уште 70 контакти коишто се во изолација.

-Постепено почнавме да ги отвораме економските оператори, компаниите, бизнисите, впрочем и како сите земји во регионот, во светот, за да го продолжиме животот. Утрово стигнаа пораки од Бугарија дека планираат во понеделник да ги отворат границите за сите земји членки на ЕУ плус за Србија и Македонија, но останува на сите нас да сме свесни за одговорноста која што ја носиме за да можеме постепено животот да го враќаме во нормала, рече министерот за здравство.

Соопштувајќи ја статистиката, рече дека во 14 дена процентот на заразени е 5,5, а во него е вкалкулиран и од скринингот од моментот кога почна да се прави во градинките.

Исполнетоста на капацитетот на болниците е 11 проценти и тие се во добра кондиција. Бројот на оздравени здравствени работници е висок, рече Филипче, односно над 92 проценти.

Инциденцата во 14 дена е 10,3 проценти т.е. три пати помала од пикот во април. Има 15 градови во кои биле регистрирани болни, а повеќе немаат заразени (Дебар, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка, Радовиш, Крушево, Кочани, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево, Берово, Валандово, Делчево и Кратово), а во шест града има до пет активни случаи (Струмица, Виница, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Неготино).

Од 661 направен тест во изминатите 24 часа, дијагностицирани се нови 52 лица со КОВИД-19, од кои половината се во Скопје, девет во Тетово, седум во Штип, шест во Куманово, двајца во Струга и по еден во Велес и Кочани. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Починаа и четворица пациенти – на Инфективната клиника скопјанец на 73 години, примен на 21 мај, и 83-годишен од Велес хоспитализиран на 22 мај. Двајца починаа и во болницата „8 Септември“ – 76-годишна пациентка од Скопје, примена на 21 мај, и 55-годишна која завчера била примена во болницата.

Оздравени пациенти во изминатите 24 часа се 30 – 16 во Скопје, 10 во Тетово, двајца во Охрид и по еден во Велес и Кратово.

Вкупниот број потврдени на КОВИД-19 од почетокот на епидемијата во земјава достигна 2129. Починати се 126, оздравени 1516, а активни случаи во моментов има 487. Досега се направени вкупно 27 684 тестови, 3015 се од скрининг во градинки и геронтолошки установи. хс/ лв/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек со куче во кафич, седнува на шанк и порачува две чаши виски. Му ги дава шанкерот чашите и овие двајцата ги испиваат. Некоја девојка во кафичот зачудена се приближува...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот...
1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска...
1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од...
1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на...