Османи: Непочитувањето на мерките е резултат на лажните вести

Најголемиот проблем во државата не е непочитување на мерките за заштита од коронавирусот, туку лажните вести кои доминираат и кои ги надгласаа емпириските факти на институциите, смета вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Како што посочи, токму сега е време Владата радикално и драстично да направи акција против изворите на овие лажни вестии и теории на заговор.



Османи, одговрајќи на новинарско прашање по денешната презентација на помошта од ЕУ за справување со Ковид-19, рече дека непочитувањето на мерките не е причина, туку последица на тоа што граѓаните ја загубиле вербата во вирусот и во ризикот што го носи. Сето ова, според него, е резултат на лажните вести.

-Најголемиот проблем во моментов е тоа што доминираат лажните вести кои за жал успеаја да ги надгласат емпириските факти кои ги кажуваат институциите. Денеска имаме ситуации кога роднини се јавуваат по телефон да ургираме на Инфективна клиника да не ги ставаат родителите на респиратор, затоа што има уверување кај луѓето дека ако одат на Инфективна нема да излезат живи од таму, па затоа ги кријат симптомите и 33 проценти од хоспитализираните веќе стигаат доцба после осум до девет дена лекувани во домашни услови, затоа што некој проширил таква лажна вест дека на Инфективна се убиваат пациенти. Денеска има луѓе кои одбиваат да се тестираат, сметаат дека тоа е непотребно затоа што вирусот не постои, рече Османи.

Тој потенцира дека сега е време Владата радикално и драстично да направи акција против изворите на лажни вести и да се разговара со луѓето на сите можни нивоа да ги отфрлат овие теории на заговор. Појасни дека ова не го поткопува на научни податоци ниту пак претставува став на Владата.

-Ова веќе неколку денови се обидувам и во Владата да го потенцирам, меѓутоа и во јавноста. Јас сметам дека ако нас нешто не прави различни од другите земји по однос на овој пик, е фактот што успеаја лажните вести да ја искористат психолошката фрагилност на граѓаните од ова преголемо траење на ситуацијата за да можат да наметнат некои лажни идеи, додаде Османи.

Посочи дека раговарал со новиот поглавар на Исламската верска заедница на кој што му укажал дека е недозволиво во овој период сите верски авторитети да не комуницираат со луѓето, за да ги отфрлат овие лажни теории на заговор дека вирусот не постои или дека не е опасен, а пријавување на лекар значи опасност по нивниот живот. Токму сега е време, повтори Османи, за драстична борба против лажните вести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...