Северна Македонија не ги исполнува критериумите за патување на нејзините граѓани во ЕУ

Одлуката на Советот на ЕУ за влез на граѓани од трети земји на територијата на Унијата од 1 јули падна, Северна Македонија не ги исполнува епидемиолошките критериуми, јави дописничката на МИА од Брисел.



И покрај препораката на Европската комисија да им се даде зелено светло на сите земји од Западниот Балкан за влез во ЕУ од 1 јули, земјите членки се согласија да дозволат постепено укинување на рестрикциите само за граѓаните на Србија и Црна Гора.

Зелено светло добија и Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Северна Кореа, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Списокот на земји ќе се ревидира секои две недели врз основа на епидемиолошката состојба во секоја од нив.

Што се однесува до Кина, Европската Унија ќе прифати отворање на границите доколку дозволата биде взаемна.

Критериумите врз кои се донесе оваа одлука се епидемиолошката состојба, мерките на заштита како физичката дистанција, како и економски и социјални параметри, објаснуваат од Советот на ЕУ.

За да добие право да патува во ЕУ, епидемиолошката состојба на една земја треба да исполнува три критериуми: бројот на нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена на 100 илјади граѓани да биде сличен или помал од ЕУ просекот; земјата да покажува намалување или стабилизација на кривата во последните 14 дена, и третиот услов е начинот на кој земјата се справува со Ковид-19 во смисла на достапните информации и нивната веродостојност, тестирањето, следењето на контактите, како и третманот.

Брисел процената ја темели врз информациите што ги добива од делегациите на ЕУ на терен.

За Северна Македонија и другите земји кои остануваат на црната листа важат неколку исклучоци: државјанин на земја на ЕУ и неговото семејство, лица со долгорочен престој во ЕУ и семејството, и се разбира есенцијалните работници како медицинските лица.

Истите правила важат за целата Шенген зона.

Иако оваа препорака на Советот не е правно обврзувачка за земјите членки, и секоја од нив има право да донесе сопствена национална одлука, Советот оценува дека, што се однесува до третите земји за кои не е дозволен влез во ЕУ, земјите членки на ЕУ не треба да донесуваат различни одлуки без да се координираат со останатите земји на Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Плакат на бандера:
- Исчезнати се маж и куче... Награда за кучето.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...