Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 (МИА) – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5. Починати се пет пациенти, тројца од Скопје, еден од Куманово и еден од Струга. Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1, соопшти Министерството за здравство.



На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во Општата болница во Струга е починат пациент на 86 години.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.124, бројката на оздравени пациенти е 3.199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.579. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3.422, активни 1.960

• Куманово 801, активни 194

• Дебар 110, активни 58

• Штип 390, активни 157

• Прилеп 281, активни 51

• Тетово 775, активни 391

• Струга 268, активни 169

• Велес 196, активни 42

• Битола 62, активни 23

• Охрид 205, активни 176

• Кавадарци 21, активни 15

• Гостивар 161, активни 93

• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 17, активни 9

• Крива Паланка 17, активни 11

• Радовиш 4,

• Крушево 7, активни 3

• Кочани 75, активни 22

• Пробиштип 29, активни 18

• Демир Хисар 2, активни 1

• Македонски Брод 6, активни 4

• Пехчево 6, активни 3

• Берово 3,

• Валандово 6, активни 2

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1,

• Кратово 5, активни 2

• Свети Николе 47, активни 42

• Кичево 48, активни 39

• Ресен 122, активни 85

• Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Клиника „Жан Митрев“ -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и четири деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се шест пациенти, а вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 402

• Аеродром – 155

• Бутел – 170

• Гази Баба – 201

• Центар – 149

• Карпош – 166

• Сарај – 150

• Кисела Вода – 110

• Ѓорче Петров – 115

• Студеничани – 107

• Шуто Оризари – 95

• Арачиново – 51

• Илинден – 35

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 18

• Сопиште – 9

• Зелениково-8

• Странец – 2. рп/вј/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...