Филипче: Комплетно е реновирана службата за Итна медицинска помош во Велес

Скопје, 9 јули 2020 (МИА) – Во Здравствениот дом Велес во изминатите три години се извршени реконструктивни зафати во вредност над 10 милиони денари, со кои значително се унапредени условите за третман на пациентите од овој регион. Извршена е комплетна реконструкција на службата за Итна медицинска помош, во рамки на оваа јавна здравствена установа, во вредност од 3,6 милиони денари, со сопствени средства на установата. Во делот на инфраструктурните зафати извршена е и комплетна замена на вратите, како и реконструкција на кровот на Здравствениот дом, соопшти Министерството за здравство.

Изминатиот период во Здравствениот дом Велес, како што се посочува, се реализирани инвестиции, меѓу кои: набавка на нови ЕКГ апарати, спирометар, хидрауличен лифт, две нови амбулантни возила, како и друга медицинска и канцелариска опрема и мебел.

Со цел кадровско доекипирање на установата, во изминатите три години се реализирани 16 нови вработувања, од кои пет доктори на медицина, четири медицински сестри, стоматолог, логопед, дефектолог, возачи и хигиеничари.

Во моментот, двајца доктори од Здравствен дом Велес се на специјализација од областа вонболничка педијатрија, а еден доктор во областа медицина на трудот, со што во претстојниот период дополнително ќе бидат зајакнати овие специјалистички дејности во установата, стои во соопштението. рп/са/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...