Мета: Во Северна Македонија постои клима на безбедност и демократија

Тирана, 9 јули 2020 (МИА) – Во Северна Македонија изборите ќе се одржат само по неколку дена, но постои клима на безбедност и демократија, која преовладува благодарение на зрелоста на политичкото лидерство во целина, но и нормалното функционирање на институциите, оценува албанскиот претседател Илир Мета.

Правејќи споредба со состојбата во неговата земја, тој додава дека „за жал кај нас, иако сеуште нема датум за избори, сепак, постои вештачка напнатост на хоризонтот, како да изборите ќе бидат утре“.

-Заслепеноста да се задржи или да се преземе власта по секоја цена, кај нас придонесе да изгледаме како да со нашиот источен сосед, припаѓаме на два далечни континента, додава Мета во објавата на Фејсбук.

Според него во Албанија расте пандемијата со Ковид-19 , заедно со дефицитот и јавниот долг.

Посочува дека не смее да се изгуби ниту една минута во исполнувањето на битните услови за започнување преговори, со цел Албанија, заедно со соседите, да чекори кон Европската унија.

-Справувањето со пандемијата и исполнувањето на условите треба да бидат двете главни цели за сите. Првиот го штити здравјето и животот на секој граѓанин, а вториот ја спасува европската иднина на Албанија за која сите се колнат со зборови и програми. Сега е времето за добри дела, наведува шефот на албанската држава Илир Мета во објава на Фејсбук.вт/вг/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...