Нови 168 случаи со Ковид-19, тројца починати, 70 оздравени пациенти

Скопје, 9 јули 2020 (МИА) – Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2, Охрид-8, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1. Починати се тројца пациенти, двајца од Скопје и еден од Гостивар. Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, Велес-1, Гостивар-1, Кочани-1, Ресен-1, соопшти Министерството за здравство.



На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 Септември“ почината е пациентка на 63 години, кај која вирусот е потврден постмортем.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.586. Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3.656, активни 1.928

• Куманово 818, активни 179

• Дебар 120, активни 67

• Штип 411, активни 166

• Прилеп 289, активни 58

• Тетово 831, активни 351

• Струга 288, активни 187

• Велес 198, активни 36

• Битола 65, активни 24

• Охрид 218, активни 189

• Кавадарци 22, активни 15

• Гостивар 188, активни 115

• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 18, активни 10

• Крива Паланка 18, активни 12

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 8, активни 4

• Кочани 76, активни 17

• Пробиштип 30, активни 19

• Демир Хисар 3, активни 2

• Македонски Брод 7, активни 5

• Пехчево 6, активни 2

• Берово 3,

• Валандово 6, активни 2

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1,

• Кратово 6, активни 3

• Свети Николе 58, активни 51

• Кичево 58, активни 49

• Ресен 129, активни 88

• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.470 теста се преку: ИЈЗ-684, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-112, Биотек-112, МАНУ -121, Клиника „Жан Митрев“ -235, Систина со PCR метода -150, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 пациенти, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 360

• Аеродром – 166

• Бутел – 156

• Гази Баба – 210

• Центар – 156

• Карпош – 153

• Сарај – 140

• Кисела Вода – 114

• Ѓорче Петров – 111

• Студеничани – 121

• Шуто Оризари – 89

• Арачиново – 46

• Илинден – 34

• Петровец – 18

• Чучер Сандево – 18

• Сопиште – 7

• Зелениково- 13

• Странец – 5

• Нераспределен- 11. рп/сп/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...