УХМР: Можно слевање вода во градските средини и локално излевање на помалите реки

Поројните врнежи што ја зафатија државата ако локално се поинтензивни и во форма на невреме може да предизвикаат слевање вода во градските средини и излевање на помалите реки. Но, нема опасност од излевање на поголемите реки, соопшти Упрвата за хидрометеорлошки работи (УХМР).

Според Управата, продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На одредени места се најавуваат локални поројни врнежи и над 30 литри на метар квадратен.

-На одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер, така што можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, информира УХМР.

Претходно УХМР инфомираше дека до осум часот изутрина се измерени 59 литри на метар квадратен наврнат воден талог во период од 24 часа во Демир Капија, во Скопје Петровец 54, во Охрид 50, Пожаране 41….



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...