Села, Гаши и Касами не одат на лидерска кај Ахмети

Лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши нема да одат на средбата на челниците на партиите од албанскиот политички блок што денеска напладне ја организира претседателот на ДУИ Али Ахмети. На средбата нема да оди ниту лидерот на Беса Билал Касами.



Ахмети ја планираше заедничката средба за денеска на годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор, а покрај Села, Гаши и Ксами, паканет е и лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој досега не се изјасни јавно дали ќе присуствува.

Села и Гаши вчера информираа дека прифаќаат зедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо денеска, таа да се одржи на друг датум, по 17 август. Според нив, за да има суштински и плоден состанок, би било добро поканата да има предлог агенда, за да имаат појасна идеја за причината за неговото организирање.

И движењето Беса синоќа соопшти дека нејзиниот лидер Билал Касами нема да присуствува на лидерската средба. Беса предлага воспоставување нов модел на средби на парламентарните политички парти на Албанците, односно тоа да се случи по формирање на новата влада.

Од ДУИ, пак преку соопштение изразија благодарност до оние кои искажале интерес за учество на средбата и објавија агенда од неколку точки за кои би дискутирале партиските челници.

– Статус на реализација на определбите од Заедничката декларација во претходниот мандат; Евалуација на предвремените парламентарни избори од 15 јули 2020 година; Формирање на меѓупартиски совет во согласност со Заедничката декларација и утврдување на рокови за реализација на заедничките цели и Различни, се темите шти ги предлага ДУИ.

Не го коментираат откажувањето на Села, Гаши и Касами, но велат дека остануваат отворени за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум за кој, како што наведуваат, би се договориле на денешната заедничка средба.

Иницијативата на Ахмети за лидерски состанок на партиите од албанскиот политички блок, ја критикуваше претседателот на СДСМ Зоран Заев, оценувајќи ја како „притисок врз него и Коалицијата Можеме за премиер по предлог на ДУИ“. За тоа дали средбата на лидерите на партиите на Албанците, може да влијае врз формирање на новото парламентарно мнозинство, Заев кажа дека е прерано да се даде каков било одговор на тоа.

Средбата на албанските политички челници, според агендата на ДУИ, треба да се одржи напладне во хотелот Парк во Скопје, во истовреме со предавањето на мандатот за составување нова влада од претседателот Стево Пендаровски на лидерот на СДСМ Зоран Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...