Нови 178 случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1368 тестирања, а регистрирани се 178 нови случаи на Ковид-19. Од новите случаи во Скопје се 42, Куманово-19, Кочани-17 ,Прилеп-16, Тетово-14, Струмица-13, Гостивар-11. Во останатите градови регистрирана е едноцифрена бројка на заболени.



Во Кичево има осум нови случаи, во Струга и Велес по пет, Битола и Гевгелија по четири, Охрид и Валандово по три случаи, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево по двајца, а во Дебар, Штип, Кавадарци, Македонски Брод, Виница, Свети Николе по еден нов заболен.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира и 71 оздравен пациент од: Скопје-25, Куманово-11, Штип-10, Прилеп-седум, Струга-пет, Охрид, Крива Паланка и Кочани по три, Кавадарци, Гостивар, Пробиштип и Берово по еден оздравен пациент.

Како што соопшти Министерството за здравство, починаа четири лица. Двајца од нив од Скопје на 61 и 59 години, пациент од Куманово на 69-годишна возраст и пациентка од Штип на 70 години. Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16735, бројката на оздравени пациенти е 13863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2179.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи и натаму има во Скопје – 598, потоа во Куманово – 211, Тетово – 170, Прилеп, 138, Гостивар – 113, Струмица -108, Кочани – 98.

Направените 1368 теста се преку: ИЈЗ-456, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-420, Биотек-67, МАНУ -51, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Систина со PCR метода -110, лабораторија Лаор –67, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 154, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Од скопските општини, со најмногу активни случаи е Аеродром – 89, потоа Центар – 81, Гази Баба и Карпош по 74, Чаир – 62, Кисела Вода – 57.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...