Заштитните маски не се ризични за децата, станува збор за сосем безбедна препорака

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека носењето маски по осум часа на училиште не претставува никаков ризик за децата, и дека тоа е единствениот начин да се спречи трансмисијата на вирусот.



– Нема контраиндикација за носење маски кај таа категорија деца на таа возраст. Не може да очекуваме никакви компликации, никакво пореметување на нивниот развој, станува збор за сосем безбедна препорака, родителите апсолутно не треба да стравуваат, нагласи Филипче во дневникот на Сител.

Според Филипче, превентивните мерки се димензионирани да го штитат максимално здравјето на децата.

– Сега училиштата се физички празни, но тоа беше целта, да има што помалку деца во училиштата во затворена просторија затоа што тоа е сериозен ризик, рече Филипче.

Тој посочи дека доколку епидемиолошката состојба остане стабилна, во ноември ќе дозволат уште некои одделенија да бидат со физичко присуство во училиштата.

– Сега на почетокот на октомври важно е да има што помал број деца во затворена просторија, а доколку остане епидемиолошката ситација стабилна, тогаш во месец ноември ќе дозволиме уште некои одделенија да бидат со физичко присуство. Наша тенденција е да дозволиме сите да бидат во училиштата, но видовме што се случи во земјите кои нагло ги отворија училиштата и сите одделенија беа со физичко присуство во училиштата. Германија ги затвори делумно или целосно. Израел стигна до таму да направи целосен карантин во движењето, рече Филипче.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...