Дамјан Манчевски се повлекува од политиката

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и пратеник од СДСМ Дамјан Манчевски денеска на својот фејсбук профил објави дека донел одлука да се повлече од политиката и да се посвети на својата професија.



– Дозволете да Ве информирам дека донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината за тоа е дека прифатив ангажман во приватниот сектор, кој е неспоив со било каков политички ангажман. Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ, напиша Манчевски.

Тој потсети дека професионално влегол во политиката во 2015 година или, како што вели, кога беше најтешко.

– Срушивме режим на мирен начин, земјата е членка на НАТО, отворен ни е патот кон членство во ЕУ, ја вративме слободата и демократијата, платите растат… Не беше лесно. Многу преживеавме заедно. Но, денес Северна Македонија е на вистинскиот пат и следат уште подобри времиња. Одлучувам да ја напуштам политиката кога можеби најмалку се очекуваше. После победа и нов мандат. Сепак, решив да се вратам на професијата и во приватниот сектор. Влегувам во нова борба. Време е за нови предизвици, напиша Манчевски на Фејсбук.

Оваа негова одлука, како што наведе, нема никаква врска со која било состојба во политиката.

– Таа е лична и само моја. Имав извонредна понуда за следен политички ангажман, за што сум неизмерно благодарен, но сепак се решив на овој чекор. Оваа одлука во исто време е и доста емотивна за мене, напиша Манчевски.

Тој изрази благодарност до неговите сопартијци, другари и сите со кои работел заедно, кои, како што вели, ќе ми обезбедат да имам нормална работа во нормална држава. Изрази благодарност и до претставниците на граѓанскиот сектор, медиумите, меѓународната заедница, синдикатите и стопанските комори.

Манчевски во својата објава на Фејсбук изразува голема благодарност и до премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и до вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...