Нови простории за тестирање од Ковид-19, најави Караџоски

Скопје, 26 октомври 2020 (МИА) – Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на денешата прес-конференција соопшти дека утре наутро во 7:30 часот ќе бидат отворени нови простории, во близина на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со што ќе се забрза процедурата за тестирање од Ковид-19.

-Покрај приемното одделение што е долу, уште едно приемно одделение во кое ќе имаме лаборант и ќе ја забрзаме работата за земање тестови, рече на денешната прес-конференција Караџовски. Додаде дека метежот што се создал од 20-25 луѓе, кои ќе бидат распределени на двата пункта за земање материјал, утре ќе го снема.

– Тестови има, лаборанти имаме доволно во моментов. Земањето на овие тестови, односно дијагностиката ќе ја прави Институт за јавно здравје. На досегашните 700-750 ќе дојдеме до 1.000 теста кои ќе може да ги прави Институтот за јавно здравје. Епидемилошката служба ќе може да одговори на предизвикот. Работиме прва и втора смена, до 20 часот. Ние тоа ќе го направиме и со додатни термини преку системот „Мој термин“, вели Караџовски.

Според него, народот малку греши што сите доаѓаат во 8 часот наутро и сакаат веднаш да се тестираат. Веднаш не може, како што рече, затоа што редот ќе се направи, има точно обележани места.

– Тестови, лаборанти, дијагностика, статистика и администрација има. Нема потреба да се создаваат редови и гужви. Тестовите се тука и ние тоа ќе го направиме. Ако ги земаме плус и тестовите што ги кажа министерот Филипче, дека ќе може и Центар за јавно здравје заедно со Институт Козле, каде е отидена екипа за да види дали се функционални опрема, простор и кадар, ние можеме во секој момент да дојдеме до 2.000 теста, односно да направиме до 2.000 теста, рече Караџовски. Тој верува дека неделава ќе се усвои планот да имаме и брзи тестови, што ќе се стават во процес на производство и за десетина до 15 минути ќе се создаде дијагностика и ќе се знае дали некој е позитивен или не и тој број на тестови потоа ќе се вклопи во позитивитет или негативитет.

На новинарско прашње за брзите ПЦР-тестови, Караџовски рече дека тоа не се тестови за бременост.

-За да се добие позитивен резултат потребно е да имаме антигенски позитивен тест. Тоа е влезено во сите протоколи и така функционираме од март годинава па наваму. Дали може да се купат во аптека, чисто се сомневам дека некој увозник би купил тестови за дијагностика на Ковид-19 во домашни услови. Тогаш ние како здравство, јавно и приватно, не му требаме на народот. Она што ние го имаме е поставен базичен систем во јавното здравство кој функционира од март до сега. Бројот на тестови сукцесивно се зголемува, од 200-300 на 2.000, значи здравствениот систем опстојува, не се дава и функционира. Кадарот е тој што го имаме и ние функционираме со натчовечки напори, со ротирање и прераспределување, нагласи Караџовски. Додаде дека епидемилошката служба е таа што ја имаме, тој и уште четворица негови колеги во Инститит за јавно здравје и уште неколку медицински сестри со високо образование и техничари.

Караџовски нагласи дека во моментов се прошируваат капацитетите со поголем број тестови и со поголем број места каде ќе се тестира. Најави дека ќе отворат пункт и во Ѓорче Петров за граѓаните од тој дел на градот да не мора да доаѓаат во центарот на Скопје за да се тестираат. Апелираше да се почитуваат препораките за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Министерот за здарвство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашење, рече дека до крајот на неделава ќе се знае дали граѓаните ќе може да се тестираат за Ковид-19 во приватните лаборатории, а на сметка на Фондот за здаравствено осигуруивање. мд/скс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...