Филипче: Надополнувањето на медицинскиот кадар веднаш ќе се почуствува

Системот со надополнување на медициснкиот персонал многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се почувствува помошта од овие лекари, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Ќе се направат две групи на лекари, едни коишто ќе бидат на располагање за болничките установи во Скопје и друга група за дежурства во болниците ширум државата. Тие лекари ќе се вклучат во согласност и договор со координаторот на лекарите за Клиничкиот центар и со директорите на болничките установи ширум државата во системот на дежурства. Треба да се дежура 12 часа, од 20 часот навечер до 8 часот наутро. Разговаравме за некои технички детали во однос како во пресрет ќе излезе ФЗОМ во однос на решавање на финансиите, меѓутоа сметам дека овој систем многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се осети помошта од овие лекари. Практично надополнувањето на кадарот ќе може веднаш да се почувствува, истакна Филипче при примањето на донацијата во респираттори од НАТО.

Тој наведе дека одделите во болницата „8 ми Септември“ се подготвени и кадарот е подготвен и е прашање на денови дали од денеска, викендов, или од почетокот на следната недела ќе почнат да функционираат, потенцирајќи дека сега актуелна болничка установа во којашто се примаат пациентите во Скопје е болницата во Козле.

– Денеска се работеше во Институтот за белодробни заболувања, пациентите се сместија во белодробната болница во Јасеново и дел на Клиниката за пулмологија, значи во Клиничкиот центар, Институтот за белодробни заболувања е следната институција, после Инфективната клиника, каде што ќе се сместуваат пацинетите понатаму, планот е во делот интерните одделечнија тоа што го најавивме во текот на вчерашниот ден, рече Филипче.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...