Мас: Заев покажа политичка храброст

Зоран Заев имаше политичка храброст да појде по патот на компромисот, мирот и пред се на заемната почит, и стана двигател на надеж на една цела генерација на која и беше доста постојано да се занимава со национализам и со една политика која беше конфронтирачка и насочена повеќе кон минатото отколку кон иднината, истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на цеременијата во Берлин на која на македонскиот премиер му беше доделена наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“.



Мас потсети дека мандатот на Заев почна со страшно сценарио кога приврзаниците на една влада во заминување јуришаа на парламентот, каде маскирани напаѓачи со столици напаѓаа пратенци, се тепаа новинари и владеше хаос.

-Неговите претходници реагираа со насилство, премиерот во заминување зборуваше за пуч. Новите избори од кои тој излезе како победник, беа резултат на тн. шарена револуција. Заев стана двигател на надеж на една цела генерација на која и беше доста постојано да се бави со национализам и со една политика која беше конфронтирачка и насочена повеќе кон минатото отколку кон иднината, рече Мас.

Кажа и дека Заев придонел за зајакнување на правната држава, се бори за незвисно судство, против корупцијата, за враќање на демократијата.

– 27 години тлееше спорот за името помеѓу Грција и Северна Македонија и ја блокираше евроатлантската интеграција на земјата. Тогашните министри за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров минува ноќи во преговори и ние постојано бевме во блиски контакти. Кога на 17 јуни се ракувавте на Преспанското езеро со Алексис Ципрас покажавте дека успеавте да појдете по патот на компромисот, мирот и пред се на заемната почит. Од 2019 година земјата носи ново име и за тоа Заев внатрешно политички мораше да издржи силен отпор. Особено бурно стана кога приближувањето кон ЕУ сепак не беше толку бргу како што имаше надежи и се чинеше дека долгиот пат кон Европа ќе стане уште подолг. Прими противудари, но не допушти да застрани од патот, каша шефот на германската дипломатија зборувајќи за постигнувањата на македонскиот премиер.

Првите плодови од таа политичка храброст, како што наведе Мас, Македонците ги добија во март оваа година кога С Македонија беше примена во НАТО како 30 сојузник, што беше голем голем чекор за земјата, но и за безбедноста на целиот регион на Западниот Балкан.

– И во март ЕУ конечно даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Покрај Преспанскиот договор исто така треба да се спомне и Договорот за добрососедство со Бугарија кој беше потпишан во 2017 година. Добар знак е дека Бугарија и С Македонија како соседи оваа година заедно го презедоа претседателството со Берлинскиот процес. На Самитот којшто заеднички го организираа минатата недела се постигнаа важни резултати како создавање заеднички регионален пазар , проект од огромно значење, истакна Мас.

Посочи дека во моментов се водат интензивни разговори за одржување на првата меѓувладина конференција. Рече дека Берлин ќе направи се што е во негова моќ пристапните преговори со Северна Македонија да почнат до крајот на годинава за време на германското претседавање со ЕУ.

Хајко Мас на почетокот потсети и дека Заев е еден од последните што го видел пред да отиде во карантин по средбата во Берлин пред две недели со министерите Бујар Османи и Никола Димитров и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева на која се бараа решенија за отворање на пристапните преговори и за барањата на Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...