Рот: Проширувањето на ЕУ не смее да биде заложник на билатерални барања

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот кој претседава со денешниот Совет за општи работи на ЕУ во Брисел, најави дека и покрај бугарското вето ќе ја стави точката за проширување на дневен ред, пренесе Дојче веле.



– Ќе ги информирам моите колеги за процесот на проширување со Северна Македонија и Албанија. Уште на почетокот на годинава одлучивме да ги започнеме преговорите со двете земји. Основен интерес на ЕУ е во најбрз можен рок да започнат преговорите со Меѓувладина конференција, порача утрово Рот пред почетокот на виртуелниот состанок на министрите.

Тој изрази надеж дека сите земји членки ќе се согласат со оваа цел и ќе бидат подготвени прагматично и солидарно да работат за нејзино остварување.

– Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални барања на одредени земји членки, порача германскиот министер, алудирајќи на бугарската блокада на процесот.

Македонскиот премиер Зоран Заев вчера потврди дека не очекува добри вести од денешниот состанок на ЕУ-министрите. Заев, како и шефот на германската дипломатија Хајко Мас, се надева дека може да се најде компромис во наредниот период, па зеленото светло за почеток на преговорите да се добие во декември.

Бугарската влада од претходно најави дека нема намера да дозволи почеток на преговорите. Тоа утрово пред состанокот уште еднаш го потврди и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...