Опозицијата и натаму се противи на онлајн гласање во Собранието

Координаторите на пратеничките групи на опозициските партии денеска претпладне не присуствувале на редовната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а причина за тоа, како што наведуваат, е, меѓу другите, ставањето на Предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието без договор со опозицијата. Се доведува во прашање и учеството на опозициските пратеници на координативните средби и на пленарни седници.



Предлогот за дополнување на Деловникот за работа на Собранието, по сратена постапка, што предвидува вклучување на далечина на пратеници со Ковид-19 и во самоизолација во работата на Параламентот и работните тела, е ставен на дневен ред на седницата што првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери ја закажа за в четврток, 26 ноември.

Сепак, не се знае кога можноста за онлајн вклучување на пратениците ќе стане реалност имајќи предвид дека за да се донесе Предлогот на мнозинството му требаат 61 пратеник што во моментов ги нема поради отсуството на неколкумина пратеници од здравствени причини, дел поради Ковид.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски потврди дека не присуствувал на координацијата и дека не дале поддршка предлог Деловникот да биде на дневен ред, имајќи предвид дека досега, освен еденаш, негови измени се носеле со консензус.

Опозициските пратеници, најверојатно, веќе нема да им помагаат на своите колеги од владејачкото мнзоинство ниту за овозможување кворум.

Координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи за МИА најави дека тие ќе присуствуваат само на седници со точки на дневен ред за кои ќе проценат дека се од интерес за граѓаните, а не во интерес на политичките партии од власта.

Реџепи рече дека причина за тоа што не присуствувал на денешната координација со Џафери е, како што кажа, едностраната одлука за ставање на деневен ред на седница на точка за која мнозинството и опозицијата не се ни блиску до договор.

-Ќе се преиспитаме дали ќе одиме на координација при вакви чекори на претседателот на Собранието, рече тој обвинувајќи дека владејачките партии сакаат да ја прикријат нивната несериозност.

Опозициските партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива се противат на какво било онлајн работење на Собранието посочувајќи дека на таков начин владејачкото мнозинство сака да го прикрие тенкото мнозинство од само 62 пратеници и оти со тоа ќе се прекрши член од Уставот. Владејачките парламентарни партии сметаат дека треба да им се овозможи на пратениците да работат од дома само кога за тоа пратеникот ќе има решение од соодветна задравствена институција, а во предлогот се пропишани и начинот на повикување на пратеникот и изјаснување. Дотолку повеќе што без доволен број пратеници, владејачкото мнозинство не може да носи закони за коишто смета дека се потребни за спроведување на мерките за ковид-кризата а за кои нема секогаш поддршка од опозицијата. Исто така е важно да се потецира и дека утре почнува и комисиската расправа за Буџетот за 2021 година.

Опозициските партии, но и медимски работници денеска реагираа и поради неможноста да се следи работата на Комисијата за здравство во Собранието, на која на дневен ред беа измени на Законот за здравствена заштита, предложени од пратеници од влата, и на Законот за заштита на населението од заразни болести, прдедложен од опозицијата, односно предлогот за формирање државна комисија. Забелешките се однесуваа на техничката неможност онлајн да се следи седницата на Комисијата и, како што пренесуваат медиумите и пратеници, не можноста да се почитуваат мерките за Ковид-19, поради малата сала. По реакциите седницата е презакажана за 15:30 во салата Борис Трајковски, а пратениците веќе ја изгласале првата точка со која на здравствените рабтници ќе им се овозможи да продолжат со својата работа до 67 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...