Заев: Ги разбирам реакциите на социјалните мрежи, не може цела Бугарија да се оквалификува како фашистичка

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ги разбира реакциите на социјалните мрежи по неговото интервју дадено за бугарската агенција БГНЕС, но вели дека историското минато не треба да не ограничува во трасирањето на патот кон европската иднина.



– Ги разбирам ваквите реакции, но лидерите треба да ја водат државата напред и да го направат првиот исчекор. Целосно го разбирам поривот на чувства кој се истури на социјалните мрежи, но истите тие сограѓани споделуваат иста историја како мојата. Антифашистичката борба е дел и од моето семејство, дел од градот во кој живеам, но тоа е историско минато и не треба да не ограничува во трасирањето на патот кон нашата европска иднина, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Вели дека не може цела Бугарија да се оквалификува како фашистичка бидејќи во тоа време народот во Бугарија не бил прашан.

– Царска Бугарија во 1941 година застанува на страната на Тројниот пакт на фашизмот. Во тие моменти никој не ги праша Бугарите на референдум каква е нивната определба за да можеме цела Бугарија да ја оквалификуваме како фашистичка. И во нашата Македонија имаше соработници на фашистите, домашни предавници. Европа ги реши прашањата на европски начин, време е и Балканот да ги реши прашањата на европски начин. Да простиме, но да не заборавиме. Окупацијата од страна на фашизмот била присутна насекаде низ Европа и низ светот и тоа не е причина да велиме цел еден народ дека е окупатор, затоа велам администрација, затоа што тогашното раководство на царска Бугарија се приклучила на тројниот пакт. Но, денеска да зборувате за фашистичка Бугарија или фашистичка Германија, тоа не е поглед кон иднината. Прашањето е дали ги користиме вистинските зборови за да градиме иднина, појасни Заев.

Факт е, рече Заев, дека во 1944 година партизански одреди од тогашната комунистичка партија на Бугарија се приклучиле на ослободителните антифашистички одреди и заедно со Советската армија го ослободуваат балканскиот простор од фашизмот.

Прашан кој го извршил масакрот кај Ваташа, Заев рече фашистичкиот окупатор.

– Како што имавме фашистички изблици дури и на наши сограѓани со предавства на македонски револуционери, македонски партизани и на македонски херои. Фашизмот нема етничка боја, фашизмот е определба во тоа време, кој жалам што останал уште малку некаде во европскиот континет и во светот, но дефинитвно е зло кое сите сакаме да не се повтори, рече Заев во одговорот.

Во однос на отстранувањето на спомениците за кои говореше во интервјуто, Заев појасни дека тие се отстранети согласно Договорот за пријателство и обврските за негување на пријателството меѓу двете држави.

– Во дел од плочите каде пишува бугарска фашистичка рака, бугарски фашистички куршум е оставено фашистички куршум, фашистика рака и слично. Затоа велиме да не заборавиме, но низ простувањето да внимаваме. Тоа е направено на целата територија на државата и во најголем дел надлежни се општините, истакна Заев, одговарајќи на низа новинарски прашања по денешната посета на Крива Паланка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден ден се изгуби жената на поглаварот и ние ја најдовме. Тој ни даде да и се качиме по еднаш. Другиот ден се изгуби жената на врачот, ние ја најдовме и тој ни даде да и се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по влажни патишта, а на некои повисоки места ина остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП „Македонија...
Верски календар
На денешен ден
1500.- Шпанскиот морепловец Висенте Ханес Пинсон...
1531.- Португалија ја зафати катастрофален...
1788.- Британски бродови со првите доселеници од...
1823.- Умре англискиот лекар Едвард Џенер,...