|
|
|
Филипче: Епидемилошката состојба стабилна, прекршувањата за празниците не беа чести и многуЕпидемилошката состојба е приличо стабилна и натаму е оној тренд на исклучително мал број пациенти и верувам дека така ќе остане, оцени министерот за здравство Венко Филипче.

Тој, како што изјави денеска по посетата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, верува дека за време на празниците прекршувањата на мерките не беа чести и многу и дека сме во еден навистина период на стабилна епидемилошка слика во кој добро се менаџира и делот со тестирањата и во делот на хоспитализацијата.
– Епидемилошката ситуација би рекол дека е прилично стабилна. Значајно се намалува бројот и во овие изминати денови на пациенти на коишто им е потребна хоспитализација, а и понатаму е оној тренд на одржување на оној исклучително мал број хоспитализирани пациенти во сите болници не само во Скопје, туку и ширум државата. Верувам дека ќе остане вака, верувам овие прекршувања на мерките навистина не беа чести и не беа многу, гледавме по телевизиите и мислам дека сме во еден период на стабилна епидемиолошка слика во која што добро се менаџираат и делот на симптоматски пациенти на коишто им е потребно тестирање. Значајно се олесни и тој дел со тестирање со брзите тестови во сите јавни здравствени установи и во делот на хоспитализација каде што има сосем доволен број болнички кревети и сосем доволен број лекари, медицински сестри за третман на пациентите, изјави министерот за здравство одговарајќи на новинарско прашање.
Во врска со прославата на министри од ДУИ, Филипче посочи оти тоа е доказ дека законите важат за сите.
– Мерките важат за сите. Ете и тие колеги излегоа и кажаа дека ќе ги платат казните предивдени со сите мерки и санкиции и што е доказ дека законите важат за сите, истакна Филипче.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели: "Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?" "Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...
|
|
|
|