Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот: Никогаш да не се повтори

Холокаустот да не се повтори никогаш и никому повеќе. Сеќавањето на него и на шесте милиони Евреи кои биле жртви, како и на преживеаните е обврска, но и потсетник за човештвото каде може да води говорот на омраза, нетолеранцијата, дискриминацијата и колку малку е потребно да се уништи еден цел народ. Тоа е опомена човештвото да разбере дека Европа каква што ја познаваме сега не треба да се зема здраво за готово, туку дека треба сите да ја заштитиме, борејќи се за она што е важно за нас и во што веруваме, борејќи се и против националистичките тенденции, бранејќи ја толеранцијата и разбирањето.



Ова се дел од пораките на учесниците на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, што се одржа денеска онлајн во организација на Министерството за надворешни работи.

Претседателот на Собранието на Еврејската заедница во Република Северна Македонија Радојка Хелман – Денковска обраќајќи се на комеморацијата истакна дека Холокаустот, кој не се случил некаде далеку, туку тука во Европа, не е само трагична епизода на светската историја туку единствено случување кое има универзално значење што треба да се памети не само заради почит кон жртвите и преживеаните, туку и како поука за светот.

– Денес сме поблиску до моментот кога холокаустот ќе престане да биде живо секавање и ќе стане историја. Следните генерации нема да можат да ја слушнат вистината од оние што го преживеале. Трагедијата на холокаустот станува знак и опомена за тоа каде може да води говорот на омраза и колку малку е потребно да се уништи еден народ и една цела нација, рече Хелман – Денковска.

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн вели дека ова се денови во кои се сеќаваме на жртвите на Холокаустот и оддаваме почит на преживеаните.

-Се сеќаваме на предавството на сите цивилизациски вредности. Холокаустот е историска одговорност што ние Германците ја носиме, рече Холштајн.

Холокаустот, како што потенцира, е потсетник дека треба да се почитва секое човечко суштество и да се чува неговиот дигнитет секаде и секогаш. Се уште, додава таа, има луѓе кои го негираат Холокаустот, ја фалсификуваат вистината и историјата, не ги почитуваат човечките суштества поради нивната боја на кожа, сексуална ориетација, промовираат говор на омраза и се закануваат, напаѓаат, и според неа тоа е она шротив кое треба да се бориме сите.

-Европа каква што е сега ја знаеме не смее да се земе здраво за готово. На секој еден од нас останува да ја одбраниме борејќи се за она што е важно за нас и тоа во што веруваме, борејќи се и против националистичките тенденции, хомофобијата или ксенофобијата, бранејќи ја толеранцијата и разбирањето, истакна амбасадорката.

Историјата, потенцира таа, ни ја додели ова задача нам и ние секојдневно мора да докажуваме дека сме сериозни кога ги кажуваме зборовите „никогаш повеќе“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека системското уништување на Евреите во Европа само заради тоа што се Евреи ќе остане врежано во колективната меморија на човештвото.

-Потребата да се сведочи, не е само обврска на преживеаните, ниту пак свдоштвото е само помен за жртвите. Да не се повтори никогаш никаде и никому. Тоа е цивилизациска обврска за сите, истакна Османи.

Водејќи се од овие премиси, додаде министерот, Владата вложува напори на интензивирање на активностите поврзани со холокаустот на домашен и на меѓународен план.

-Притоа, посебен акцент се става на едукацијата како темел за негување на колективната меморија за злото и трајно сеќавање и почит кон жртвите и учење на младите генерации како да ги препознаат и да им се спротивстават на современите облици на антисемитизам, ксенофобија и нетолеранција, истакна Османи.

Нерезидентниот израелски амбасадор во земјава Дан Оријан потсети на се она што заедно со институциите и македонското општество воопшто го направиле во знак на сеќавање на Холокаустот. Потенцираше дека земјава има направено многу важни чекори за комеморацијата и за европското прашање. Истакна дека треба да се работи и на прашањето на еврејските имоти во земјава.

Во текот на втората светска војна беа убиени над шест милиони невини деца, жени и мажи Евреи. Меѓу нив и 7.144 македонски Евреи кои своите животи ги загубија во логорот на смртта Треблинка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас: Барам убава, паметна, шармантна девојка со автомобил. Пожелна слика од автомобилот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на...
Верски календар
На денешен ден
1459.- Роден е холандскиот свештеник Адријан...
1810.- Роден е италијанскиот свештеник Винченцо...
1817.- Роден е унгарскиот писател Јанош Арањ,...
1824.- Во Литомишл е роден Беджик Сметана, чешки...