Сојузот на средношколци има три услови за целосно прифаќање на компромисното решение

Сојузот на средношколците ја прифати опцијата да полагаат два екстерни и два интерни испити од државната матура, односно третиот екстерен испит да биде интерен, но за решението да биде целосно прифатено постави три услови. Бара да се формира работна група во која покрај нивни претставници, ќе има од Државниот испитен центар, наставници во средното образование и со неа да претседава претставник од Кабинетот на премиерот.



Работната група треба да одлучува за скратените наставни програми кои ќе се однесуваат на екстерните испити (мајчин јазик, странски јазик, математика) и за тоа кои содржини нема да бидат вклучени во испитите. Таа треба да ја заврши својата работа во средината на март, а директорот на ДИЦ ќе треба да ги спроведе нејзините препораки. Со ова ќе биде задоволено нивното барање за скратени наставни програми.

Вториот услов на Средношколскиот сојуз е наставниците да ги споделат со матурантите испитните материјали за интерните испити, а образовните власти да се осигураат дека наставниците ќе ги споделат испитните материјали за интерните испити со своите ученици најмалку три недели пред денот на испитот.

-Испитните материјали се однесуваат на форматот на испитот, конректни содржини покриени од истиот, како и банки на прашања за испитот. Овој чекор ќе им овозможи на матурантите соодветно да се подготват за нивните испити, наведува Сојузот.

Третото барање е промена на коефициентот за добивање на поените за несоодветен екстерен испит. Сегашниот модел подразбира дека доколку екстерен испит е несоодветен за уписот на факултет, тој испит може да носи најмногу пет поени. Менувањето на коефициентите кај интерните испити, како што посочи Сојузот, значи дека несоодветен интерен испит би носел повеќе од несоодветен екстерен испит (шест поени во споредба со пет).

-Поради ова, бараме коефициентот за несоодветниот екстерен испит да се промени во 0,7. Ова значи дека несоодветен екстерен испит би носел седум поени, посочи Средношколскиот сојуз.

Од Сојузот додаваат дека со овие три услови покажуваат дека и покрај компромисот продолжуваат да се борат за да биде слушнат гласот на средношколците и дека властите мора да признаат, како што наведува, дека оваа учебна година не е како секоја друга и дека државната матура мора да претрпи измени.

-Иако постигнавме заедничко решение, нашата борба ќе продолжи сè додека не го имплементираме целосното решение, како и нашите услови за негово прифаќање, велат од Сојузот на средношколци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...