Мицкоски: Јавноста мора да знае каков е тој план на активности со Бугарија

Јавноста мора да знае каков е тој план на активности со Бугарија. Според нашите информации, покрај идентитетските прашања, кои што ги опфаќаат македонската традиција, обичаи, јазик, истоија, има и многу бизнис работи кои се дел од тој договор кој што е на маса, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Тој денеска појасни дека треба час поскоро на јавноста да и се обезбеди текстот на овој план, бидејќи според него, кога Бучкоски и Заев преговараат, тогаш се спрема нова катаклизма, нова катастрофа, економско цунами но истовремено како што посочи и национална катастрофа.

-Јавноста мора да знае каков е тој план на активности со Бугарија. Според нашите информации, покрај идентитетските прашања кои што опфаќаат македонската традиција, обичаи, јазик, историја, има и многу бизнис работи, кои се дел од тој договор, кој што е на маса. Треба да бидеме будни за да во овој период не го искористат овие двајца да го распродадат тоа што е малку останато за државата, изјави Мицкоски по посетата на компанијата Специјал во Општина Ѓорче Петров во одговор на прашање.

Во однос на измените кои ги предлага политичката партија БЕСА во личните карти, Мицкоски рече дека во неговата лична карта треба да стои неговата македонска нација, и не гледа гледа ништо лошо и ништо спротивно во тоа што граѓаните се идентификуваат по род македонски и сакаат во нивни документи да стои дека се Македонци.

-Јас сакам во мојата лична карта да стои мојата нација, македонската нација бидејќи јас сум Македонец и тука не гледам ништо лошо и ништо спротивно од тоа што граѓаните се идентификуваат по род македонски и сакаат во нивни документи да стои дека се Македонци, рече Мицкоски.

Во однос на прашањето за попис, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе имаат повеќе активности претстојниот викенд за иницијативата за укинување на Законот за попис.

Како што рече, ќе ги користат сите демократски алатки и ќе побараат поддршка од сите парламентарни партии без разлика дали се опизиција или власт за оваа иницијатива, бидејќи според него, овој попис нема да даде одговор за тоа како треба да се развива државата.

-После овие изјави на директорот само се потврдува дека станува збор за обичен театар и операција која нема никаква врска со статистика. Ние ќе започнеме ќе се бориме, ќе ги искористиме сите демократски алатки кои ни стојат на располагање, ги повикувам сите парламентарни партии без разлика дали се од опозиција или влас да дадат поддршка на оваа иницјатива, бидејќи нема да дадат одговор овој попис таков каков што е за тоа како треба нашата држава да се развива, што е суштина на ова статистипчка операција, рече Мицкоски.

Според него, колку побрзо ќе го повлечат Законот и ќе седнат да направат една вистинска методолгија и процедура, толку подобро.

-Велеа не можат да спроведат со фингерпринт. Денеска прочитав соседна Албанија на следните парламентарни избори, кои што ќе се одржат во април во рок од 3 месеци веќе спровела постапка и обезбедила терминали каде Државната изборна комисија ќе ги спроведе овие избори, за очитување на отисокот на прст, за само три месеци. Ако не послушеа кога велевме во ноемеври/декември и тргнавме веднаш со таа постапка , ние во февруари или март ќе ги имавме тука и ќе беа истите адаптирани за да можеме да го користеме за попис. Но некој тоа не сакаше да го направи, додаде Мицкоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...